ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сојуз на средношколци: Европа од нас очекува средношколската демократија и ученичкото организирање да ги внесеме во законската рамка

May 19, 2023 10:49
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Бидејќи сè уште Собранието ги нема донесено нашите предложени измени на Законот за средното образование за воведување на средношколска демократија, Сојузот на средношколци како членка-кандидат се обрати до Организирачкото биро на европските средношколски сојузи (OBESSU), т.е. до европската организација на средношколци. Нашите европски партнери и соработници кон нас упатија писмо за поддршка, кое ние денеска го споделивме со Претседателот на Републиката, Претседателот на Собранието, Претседателот на Владата и Шефот на Делегацијата на ЕУ во земјата.

Во писмото тие упатуваат порака кон целата држава: „Очите на сите ученици во Европа се вртат да видат како вашиот предлог ќе биде прифатен од вашите законодавци. За да ја постигнеме функционалната, демократска Европа кон која се стремиме, мораме да го дадеме нашиот дел за да донесеме позитивни промени. Тоа може да го донесе само силното граѓанско општество, коешто не може да постои без средношколското и студентското самоуправување“.

Да дадеме контекст, Сојузот на средношколци изминатите две години работи на внесување на средношколската демократија како концепт во македонското законодавство. Иако Законот за средното образование е донесен во 1995 година и е многупати менуван, до овој момент ученичкото организирање и учество никаде не биле спомнати.

Членот 15 од Конвенцијата за правата на детето, која е составен дел од македонскиот правен систем, го гарантира правото на здружување и мирно собирање гласи: „Државите членки го признаваат правото на детето на слобода на здружување и слобода на мирно собирање“. Сојузот на средношколси напиша предлог законски измени на Законот за средното образование кои го регулираат и демократизираат ученичкото учество за првапт во историјата на државата.

Самиот законски текст го комплетиравме кон крајот на септември минатата година, а на 20 октомври 2022 година во соработка со Клубот на млади пратеници, Вестминстерската фондација за демократија и ИДУЕП организиравме јавна расправа во Собранието. По истата се формираше работна група составена од пратеници која требаше да го разгледа нашиот текст, но констатираме дека предлогот на закон сè уште не е ни внесен во собраниска постапка, а камоли донесен и стапен на сила.

„Не можеме да нагласиме колку е важна целосната интеграција на средношколскиот глас во образовните процеси за добро функционирање на граѓанското општество во целина. Низ историјата, националните средношколските иницијативи ширум Европа ја поминаа истата борба за правно признавање на ученичкото организирање, како и вашата која ја водите сега“ – се вели во писмото од Одборот на OBESSU.

Ученичкото учество и средношколската демократија се важни за да произведеме една свесна, информирана индивидуа која би се вклучила во демократскиот живот, водејќи се од чувството на должност и општествена одговорност. Можностите за средношколецот да одбере кој ќе го претставува на сите нивоа се подобри од кога било. Гласот на поединецот вреди сè повеќе.

Сојузот на средношколци ги повикува македонските институции потребата од средношколска демократија да ја сметаат за мошне сериозна и важна за нашата држава, штом европското граѓанско општество јасно ни посочува дека тоа е нужно за целосна демократизација и функционализација на Македонија.

Tags: СобраниеСојуз на средношколциСредношколска демократија
Next Post

Девет месеци по нападот со нож, Ружди првпат во јавност во Њујорк

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk