„Ноќта на 19 мај 2023 година, руските окупатори ја нападнаа Украина од северниот и југоисточниот правец со борбени беспилотни летала Шахед-136/131 и крстаречки ракети Калибр од бродови во Црното Море. Лансирањето на 22 дронови Шахед и шест ракети Калибр беа снимени“, објавија воздухопловните сили на вооружените сили на Украина на Телеграм.
Оттаму наведуваат дека силите за воздушна одбрана и воздушните команди „Центар“, „Запад“ и „Југ“ на воздухопловните сили уништија три крстаречки ракети и 16 борбени беспилотни летала.
Како што е соопштено, во текот на ноќта на 19 мај беше објавено предупредување за воздушен напад низ цела Украина.
Сите откриени воздушни цели кои се движеа кон Кијив беа уништени.
Подготви: Ј. Ѓ.