ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Белград повеќе десетици илади граѓани по третпат на протест „Србија против насилството“, блокиран мостот Газела

May 19, 2023 21:05
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: ЕПА

Фото: ЕПА

Share on FacebookShare on Twitter

Во Белград во 18 часот како што најавија од проевропската опозиција по трет пат се одржува масовен протест со учество на повеќе десетици илјади граѓани, кој се одржуваат по повод масовните убиства во Србија, со слоганот „Србија против насилството“, јави дописникот на МИА од Белград.

Протестот се одвива во мирна атмосфера, на него има повеќе граѓани од претходните два протести, и според организаторите ова е најмасовниот протест во последните години. Протестот се одвива во форма на протестна прошетка од Народното собрание до мостот Газела, кој е блокиран за сообраќај.

Колоната на повеќе десетици илјади граѓани во протестната прошетка во еден момент почнуваше од Народното собрание, долж целиот булевар Милош Велики, па се до мосотот Газела и Ушче. И покрај најавата за блокада и на Бранковиот мост, организаторите се откажаа од оваа блокада поради „преголемиот број на граѓани“.

Претседателот на Демократската партија (ДС) Зоран Лутовац изјави на протестот дека граѓаните на вечерашниот протест укажуваат дека не сакаат да се разводнат нивните барања кои беа истакнати по двете масовни трагедии.

Лутовац на протестот рече дека барањата се јасни и недвосмислени и дека, како што наведе, пред се ја повикуваат власта на одговорност.

Тој додаде дека опозицијата во Собранието се обидела преку институционални средства да постигне исполнување на барањата на граѓаните и ја обвини власта дека се обидува да ги разводни.

-Не може да се гласа за барањата, тие мора да се исполнат, рече Лутовац.

Пратеничката и заменик претседателка на Демократската партија, Драгана Ракиќ, за време на протестниот марш изјави за Н1 дека сите барања на опозицијата треба да се заменат со само едно – оставка на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

-Се е можно ако нè има доволно и ако бидеме упорни, изјави Ракиќ.

Александар Јовановиќ Чута на протестната прошетка изјави дека нема повеќе да се упатува повик за протест следниот петок, поради потенцијална опасност од конфликт.

-Доста ни е од крв, изјави Јовановиќ.

На протетот повик упатија -Демократската партија, Народната партија, Зелено- левиот фронт, Не го давиме Белград, партијата Заедно, Партијата за слобода и правда, Движењето на слободни граѓани, Синдикатот Слога и Движењето за пресврт.

Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на бебзбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

Во исто време кога почна протестот во Белград, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на митингот „Србија сонува и соништата и ги остварува“ во Панчево изјави дека разговарал со луѓе „од службите“, од кои дознал дека „сестринските служби од исток“ предупредиле дека, кога станува збор за протестот „Србија против насилството“,

организирани од дел од опозицијата, дека е можно да се работи за т.н обоени револуции“.

-Ова се одвратни обиди за злоупотреба на тагата. Како претседател на Републиката, ви велам, на Србија и е доста од вашите револуции, доаѓање на луѓе под странско влијание и уништување на се што е српско, на нашите витални национални интереси, рече Вучиќ.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: протестиСрбија
Next Post

Лукаревска: Ако процесот за изградбата на коридорите го тераме во недоглед, ќе губат граѓаните

НАЈНОВО

Филипче до Максим Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

October 8, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Мелони со закон против бурки и никаби на јавни места во Италија

October 8, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Договорот за Газа е блиску, можеби ќе го посетам Блискиот Исток во текот на викендот

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk