ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ОЈО Скопје: Раководител во АД Водостопанство осомничен за примање поткуп

May 20, 2023 11:54
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „примање поткуп“.

Осомничениот 42-годишник, со пријавено место на живеење во струмичко Ново Село, но вработен како службено лице – раководител на сектор во АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје, во периодот од 01.12.2022 година до 19.05.2023 година, за себе примил подарок – парични средства од поголема вредност за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши, информираат од Јавното обвинителство.

Од оштетено лице од Крива Паланка, како што е наведено во соопштението, тој побарал и примил вкупно 6.000 евра во денарска противвредност со цел спротивно на пропишаната постапка да овозможи изготвување на потребната техничка документација за добивање дозвола за вадење песок, чакал и камен од бреговите и коритата на површинските водни тела за едно правно лице.

Парите ги примил во два наврати. Најпрво во декември 2022 во угостителски објект во Автокоманда оштетениот му исплатил на осомничениот 3.000 евра. Потоа на 16 мај годинава осомничениот му побарал уште 3.000 евра. Оштетениот го пријавил барањето за поткуп, банкнотите биле криминалистички обработени и по примопредавањето во текот на вчерашниот ден во населба Илинден осомничениот бил лишен од слобода, а кај него биле пронајдени обележаните 30 банкноти во апоени од по 100 евра, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство на осомниченото лице, можност тој да го искористи своето службено својство за да влијае врз постапката преку заплашување, уценување или договарање со сведокот-оштетен, како и веројатност да го повтори делото за кое е осомничен.​ 

Извор: МИА

Tags: ОЈОпоткупраководител
Next Post

Приоритети во програмите за работа на кандидатите за ректор на УКИМ

НАЈНОВО

Предлог-измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање пред матичната собраниска Комисија

November 13, 2025

Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025

Валентин Нешовски ја објави завршната книга од својата сај-фај трилогија: „Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фатјон Софта: Северна Македонија, Косово и Албанија – под закана од тајни саботажи и дезинформации од Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk