fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ОЈО Скопје: Раководител во АД Водостопанство осомничен за примање поткуп

May 20, 2023 11:54
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „примање поткуп“.

Осомничениот 42-годишник, со пријавено место на живеење во струмичко Ново Село, но вработен како службено лице – раководител на сектор во АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје, во периодот од 01.12.2022 година до 19.05.2023 година, за себе примил подарок – парични средства од поголема вредност за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши, информираат од Јавното обвинителство.

Од оштетено лице од Крива Паланка, како што е наведено во соопштението, тој побарал и примил вкупно 6.000 евра во денарска противвредност со цел спротивно на пропишаната постапка да овозможи изготвување на потребната техничка документација за добивање дозвола за вадење песок, чакал и камен од бреговите и коритата на површинските водни тела за едно правно лице.

Парите ги примил во два наврати. Најпрво во декември 2022 во угостителски објект во Автокоманда оштетениот му исплатил на осомничениот 3.000 евра. Потоа на 16 мај годинава осомничениот му побарал уште 3.000 евра. Оштетениот го пријавил барањето за поткуп, банкнотите биле криминалистички обработени и по примопредавањето во текот на вчерашниот ден во населба Илинден осомничениот бил лишен од слобода, а кај него биле пронајдени обележаните 30 банкноти во апоени од по 100 евра, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство на осомниченото лице, можност тој да го искористи своето службено својство за да влијае врз постапката преку заплашување, уценување или договарање со сведокот-оштетен, како и веројатност да го повтори делото за кое е осомничен.​ 

Извор: МИА

Tags: ОЈОпоткупраководител

НАЈНОВО

Османи: Ќе поддржиме Влада без претставници на ДУИ на денот кога ќе стапат во сила уставните измени

June 10, 2023
Отворена е судска и административна истрага по експлозијата во фабрика за експлозиви во турскиот главен град Анкара, 10 јуни 2023 (Foto: Getty)

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика за експлозиви во Анкара, петмина загинати

June 10, 2023
Жители се собираат пред ресторанот Перл Бич по екстремистичкиот напад извршен од Ал Шабаб на плажата Лидо во Могадишу, Сомалија, 10 јуни 2023 година. (Foto: REUTERS)

Девет лица загинаа во неколкучасовен екстремистички напад врз хотел во Сомалија

June 10, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Битиќи: Мицкоски може да се коцка со сопствената, но не и со македонската иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гир: Доколку нема уставни измени, тоа значи дека ќе ја пропуштите шансата, која некои други ќе ја искористат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала: Невидливите ѕидови на поделбите мора да ги урнеме прво кај нас самите, во нашите глави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќе смогне ли сили Мицкоски да се надмине себеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднаа цените на бензините

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk