Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ
Напишаново важеше во минатото, ама важи и сега. А ќе важи и во иднина…
Било каков потег, било какво решение, било каква одлука на актуелната власт, сето тоа СЕКОГАШ ќе биде на нож пречекано од ВМРО-ДПМНЕ… Тотално им е небитно дали е тоа добро или лошо за државата.
Омразата и поделбите во Македонија мора да продолжат. Тоа е во генот на оваа партија. Уште од времето на Ванчо Михајлов и Тодор Александров.
Да изјавуваш декларативно дека си за ЕУ, а истовремено да си против тотално нештетна промена на Устав, тоа не е политика. Тоа е политикантство.
ВМРО-ДПМНЕ не е политичка партија, туку политикантска.
Христијан Мицкоски не е политичар, туку политикант.
Забележувате ли дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не нудат решение? За ништо! Мицкоски никогаш нема да се изјасни за евентуални отстапки со коишто тој и неговата партија би се согласиле за членство во ЕУ.
Сè им се сведува на „ние тоа нема да го прифатиме!“, или „ние такво нешто нема да дозволиме!“
Па кажи што би прифатил и што би дозволил. Политиканту!
И кажи некогаш нешто во прилог на помирување на нацијата… Доста сееш омраза! Доста плукаш! Се излигави!