Повеќе од 80 противпожарни возила синоќа го гаснеа огнот што изби во Централната пошта во главниот град на Филипини, Манила.
Огнот е изгаснат по седум часа. Пожарот ја уништи историската зграда на филипинската Централна пошта.
За време на пожарот во објектот немало луѓе.
– Изгоре целата зграда, од подрум до петти кат, соопшти локалната власт, додавајќи дека се истражува причината за пожарот.
Зградата на Централната пошта е изградена во 1926 година, а била уништена за време на Втората светска војна од окупаторските јапонски сили. Објектот е повторно изградена во 1946 година.