ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Голема регионална конференција на ЦИВИЛ за трансформациите во економијата

May 22, 2023 15:38
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со учество на високи претставнички и претставници на македонската влада, експертската заедница од регионот и бизнис секторот, ЦИВИЛ ја организира конференцијата „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“ во хотел Сити Парк, на 23 мај (вторник) со почеток во 10 часот.

Овој настан е дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (22-26 мај 2023) под мотото „Партнерство за циркуларност“ што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.

Учесници на Конференцијата се високи претставници од владата, бизнис секторот, медиумите и граѓанското општество и ќе говорат во четири получасовни сесии.

Во првата сесија „Трансформација на економијата на локално и национално ниво: Стратегии, предизвици и перспективи на циркуларната економија“ учествуваат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и Министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

Во втората сесија „Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан – Регионални искуства“ ќе учествуваат Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум, Косово, Селена Агатоновиќ од Иницијативата за правата на младите, Србија, и Газменд Берлајоли од Косово.

Во третата сесија „Иновациите во бизнис секторот и циркуларната економија: Позитивни примери за иднината“ ќе говорат претставниците од бизнис секторот и тоа: Филип Ивановски, Пакомак, Аријан Тоска, МДЦ-Трговија и инвестиции и Живко Серафимовски, Нутривет.

Во четвртата сесија се говори на три теми и тоа: Габриела Кулебанова, потпретседател на Сојузот на стопански комори, на тема „Проценка на капацитетите за развој на циркуларната економија во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан“, Соња Танеска, главна уредничка на Градска.мк на тема „Медиумите и циркуларната економија“ и Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ, на тема „ Влијанието на руската агресија против Украина врз економските трендови и можностите за развој на циркуларната економија“.

Модераторка на сите четири сесии на Конференцијата е Биљана Јордановска, координаторка во ЦИВИЛ и одговорна уредничка на Green CIVIL. На крајот од секоја сесија има можност за две прашања или коментари до две минути.

Неделата на циркуларната економија е уникатна регионална иницијатива, преку која мрежата ЛогЕкс (LogEx), придонесува кон трансформацијата на Западен Балкан кон одржлив развој, преку промовирање и спроведување на циркуларна економија.

ЦИВИЛ

Tags: Конференцијатрансформациите во економијатаЦИВИЛ
Next Post
Фото: Скриншот

Експлозии во Белгородската област: „Рускиот волонтерски корпус“ и „Легијата на слободата на Русија“ ги повикаа Русите да се борат за Русија без Путин

НАЈНОВО

Затворање на есенското издание на фестивалот „Перформанс платформа“ со перформансот „CODOMESTICATION“

November 18, 2025
Скриншот

Шефот на „Гугл“ предупредува за „ирационалност“: Ниедна компанија не е имуна ако пукне балонот со вештачката интелигенција

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk