Најмалку 20 деца загинаа во пожар во интернат во рударскиот град Махдија во централна Гвајана, соопштија локалните власти.
Во соопштението се наведува дека бројот на загинати се искачи на 20, а неколку луѓе се повредени во пожарот во средното училиште Махдија.
„Ова е голема катастрофа. Ужасно е, болно е“,изјави претседателот Ирфан Али.
Пожарот избувнал нешто по полноќ, а зафатил дом за ученици во средно училиште и ги заробил децата.
Службите за итни случаи се борат да го локализираат пожарот поради лошите временски услови, велат од владата, пренесува Би-Би-Си.
Неколку лица се повредени, а дел од повредените ќе бидат пренесени во главниот град Џорџтаун, каде што е формиран специјален центар.