ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Манчевски го скандализирал и Холивуд: Продуцентката Лаура Зискин прелетала 6.087 милји да му врачи отказ

May 23, 2023 14:22
in PMD, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, КУЛТУРА
Милчо Маначевски

Милчо Маначевски

Share on FacebookShare on Twitter

Снимањето прекина, а Манчевски доби отказ. „Толку ни олесни“, вели член на продукцискиот тим. „Со месеци го молевме студиото да го отпушти. Друг пак од тимот на продукцијата додава: „Се надевам дека ќе остане во холивудскиот затвор долго, долго време“.

Неколку недели подоцна, директорите на „Фокс“ беа во шок кога дознаа дека Манчевски го искршил предниот дел од неговиот rent-a-car. Набргу потоа следеа бројни неподмирени билети за паркирање“., пишува во написот.

Додека режисерот Милчо Манчевски се обидува да ја дефокусира јавноста од кривичната пријава против него од Агенцијата за филм поднесена за немање финансиски извештај во висина од 55.000.000 денари и други финансиски нерегуларности, исплива текст од 1998 година со наслов Холивуд го тресат „Креативни разлики“. Иако Манчевски со години во јавноста изигрува жртва, ги клевети колегите и врши притисок врз Агенцијата за филм, велејќи дека засекогаш ја задолжил кинематографијата и државата со единствениот успех на филмот „Пред дождот“ и дека во Холивуд „плачат“ да имаат ваков автор, овој напис обелоденува нешто сосема спротивно.

Имено како што пишува во написот „Она што се случи на сетот на филмскиот проект, може да парира на дејството на самиот филм.“

Како што појаснува авторот на овој напис „креативни разлики, тоа е политички коректната фраза која холивудските студија ја изговараат секогаш кога режисерот на филмот ненадејно ќе биде сменет“.

Дали имало разлики? Дефинитивно. Дали биле креативни?

Авторот на написот пишува дека ароганцијата и чудното однесување не се невообичаени во Тинзелтаун,  „но, во февруари, се случи една од најлошите битки ‘студио – против – режисер’ во изминатите години и тоа за време на снимањето на хорор филмот Ravenous, што кулминираше со тоа што претседателката на Фокс 2000, Лаура Зискин прелета 6.087 милји до сетот во Прага за да му врачи отказ на режисерот Милчо Манчевски (кој го сними македонскиот филм од 1994 година, номиниран за Оскар, ‘Пред дождот’).“

Лаура Зискин
Лаура Зискин

Според написот „отпуштањето стави крај на  турбуленциите кои траеа со месеци, а започнаа минатото лето кога Манчевски пристигна во Л.А. да разговара за проектот и побара од Фокс да му изнајми кабриолет или луксузен автомобил; одговорот на Фокс беше ‘не’ и му изнајми друг автомобил. Неколку недели подоцна, директорите на „Фокс“ беа во шок кога дознаа дека Манчевски го искршил предниот дел од неговиот rent-a-car. Набргу потоа следеа бројни неподмирени билети за паркирање“., пишува во написот.

Филмската екипа и продукцијата се молеле да го отпуштат

Како што раскажале извори од продукцијата, „Во Прага, Манчевски брзо се изолира од филмската екипа велејќи им дека можат да разговараат со него само во одредени часови – за време на ручек и од 18:15 до 19:15 часот. Извори од продукцијата тврдат дека тој исто така одбил да има состаноци околу сценариото и буџетот со продуцентот Дејвид Хејман и со извршниот продуцент Тим ​​Ван Релим. Една недела пред продукцијата, Манчевски го изненади Фокс со приказни кои би додале приближно две недели на снимањето. Фокс на крајот се согласи на уште една недела снимање – но на првиот ден од продукцијата, Манчевски одби да го потпише буџетот и распоредот, а третина од денот беше изгубена додека страните се обидоа да се договорат“.

Авторот додава: „Имаше и постојани преправки на сценариото додека камерите снимаа. „Во еден момент работите беа толку лоши, што ни се удвоија пушачките паузи“, вели сценаристот Тед Грифин. „ Си рековме: „Можеби нема да го снимиме филмот, но сигурно ќе добиеме запаление на плуќа“.“ И како што се вели „последната капка што ја прели чашата беше самата снимка на Ravenous, која не го израдува студиото. Снимањето прекина, а Манчевски доби отказ. „Толку ни олесни“, вели член на продукцискиот тим.

„Со месеци го молевме студиото да го отпушти. Друг пак од тимот на продукцијата додава: „Се надевам дека ќе остане во холивудскиот затвор долго, долго време“. Манчевски, преку неговиот адвокат, одбил да коментира, но на пријателите им кажал дека никогаш повеќе не сака да помине низ студискиот процес“. „Со Милчо, сетот беше тежок и неодржлив“, вели еден од упатените во продукцијата. „Сега се тече како подмачкано. Целата атмосфера се промени“, стои во написот.

Исто така агресивното уверување и замајување на јавноста преку флуентен ПР за успехот на филмот „Кајмак“, дадоа друга слика во објективните странски критики, меѓу кои и онаа на „Холивуд репортер“.

За нерегуларности во финансиското работење, во јавноста излегоа бројни текстови од редакцијата на Цивил, а по кривичната пријава треба да постапат надлежните институции.

Извор Нова ТВ

Tags: Агенција за филмМилчо МаначевскиХоливудХоливуд Репортер
Next Post

Шукова од Конференцијата на Цивил: Со реупотреба на отпадот ќе ја зајакнеме националната економија, заштитувајќи ја животната средина

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk