„Во чест на нашиот автор во фокус Коле Чашуле, претставата „Црнила ремикс” гостува во Прилеп на 27 мај во сабота на Могилата на непобедените. Подарок од МТФ „Војдан Чернодрински” за својата публика во Прилеп“, објавија на Фејсбук МТФ „Војдан Чернодрински” – Прилеп.
„Претставата „Црнила ремикс“ е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналниот препев и музика на „Зад аголот“ нè носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп суп- културата“, се наведува во рекламниот материјал за претставата.
Премиерата на „Црнила ремикс“ е одржана на 28 септември 2018 година.
Автор: Коле Чашуле
Идеја и режија: Јордан Симонов
Музика и препев: Дарко Димитриески и Павле Димковски („Зад аголот“)
Улоги:
Луков: Стефан Вујисиќ
Фезлиев: Александар Михајловски
Иван: Владимир Петровиќ
Методи: Горан Ников
Младичот: Ненад Анѓелковиќ
Неда: Сања Арсовска (Емилија Мицевска)
Христов: Павле Димковски
Асистент на режисерот: Виктор Рубен Сценограф и костимограф: Илина Ангеловска
Видео: Милан Блажевски и Борис Таковски
Дизајнер на тон: Симон Кипровски
Дизајнер на светло: Илија Тарчуговски Графички дизајн: Бисера Михајловска
Фото: Кире Галевски
Продуцент: Русе Арсов
Продукција: МКЦ – Скопје