„Заради неспособностa, неодговорностa и расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, шпицниот Мицкоски и градоначалничката Данела Арсовска, Град Скопје денес е во хаос, со блокирана сметка и пред банкрот“, соопштуваат утрово од СДСМ.
„Потрошија над 100 милиони евра народни пари и го донесоа Скопје пред банкрот, а банкрот значи целосен распад на системот на Градот, нефункционални институции, уште полоши услуги за граѓаните и штрајкови и протести на градската администрација.
Советот на Град Скопје мора да одржи вонредна седница на која ќе се расправа за актуелната финансиска состојба на градот.
Сите предуслови за одржување на таква седница се исполнети и претседателот на Советот, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ мора да ја закаже седницата.
Граѓаните се разочарани од неспособната градска власт на ВМРО-ДПМНЕ кое го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија.
Скопје и скопјани не заслужуваат ваква неодговорна градска власт“, додаваат од партијата.