ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бабовски избран за нов Генерален секретар на регионалното претставништво на WOAH за Европа

May 25, 2023 15:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, во рамки на јубилејното 90 Генерално Собрание на Делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), кое оваа недела се одржува во Париз, Франција, денес е едногласно избран за нов Генерален секретар на регионалното претставништво на WOAH за Европа кое е надлежно за вкупно 53 држави.

На изборот на Бабовски за оваа функција му претходеше едногласна поддршка од страна на сите делегати – членови во регионалното претставништво на WOAH за Европа, што претставува признание за долгогодишните заложби и посветеност на Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на Република Северна Македонија, во насока на креирање ветеринарни политики и имплементација на истите.

Изборот на Бабовски на оваа функција претставува природен тек на настаните кој произлегува од неговото активно учество во Советодавниот форум на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), член на Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекугранични болести кај животните, Европската комисија за лигавка и шап, неговата вклученост во управувањето со имплементацијата на меѓународните стандарди на WOAH, но и националните стандарди кои се во согласност со Европската Унија.

Со изборот на Бабовски на оваа функција, Република Северна Македонија преку Агенцијата за храна и ветеринарство обезбедува директно учество во процесот на креирање на политиките од областа на здравствената заштита на животните на светско ниво, но и за прв пат со оваа инволвираност, како институција и како држава, се обезбедува непосредно учество во управните тела на оваа светска организација, менувајќи го досегашниот статус на нашата држава и директно на Агенцијата за храна и ветеринарство, од улога на учесник, во улога на креатор на светските политики за заштита на здравјето на животните и координатор на меѓународната соработка во областа.

Членството во управувачките тела на WOAH за Агенцијата за храна и ветеринарство е мотив плус за јакнење на сопствените административни капацитети, согласно највисоките европски и светски стандарди, но претставува и поголема одговорност како институција одговорна за безбедноста на храната и за здравствена заштита на животните, кон сопствените граѓани, државата и кон меѓународната заедница.

Со овој чин, WOAH го препозна, потврдува и го валоризира досегашниот професионален ангажман и континуирана работа на Агенцијата за храна и ветеринарство и директорот Бабовски на полето на унапредување на здравствената заштита на животните во земјава, а со тоа и заштита на здравјето на луѓето приклучувајќи се кон глобалниот концепт за „Едно здравје”.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АХВБабовски
Next Post

Маричиќ од Љубљана: Местото на С. Македонија ќе биде во новите граници на ЕУ

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk