ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ од Љубљана: Местото на С. Македонија ќе биде во новите граници на ЕУ

May 25, 2023 15:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања денеска е во официјална посета на Љубљана, каде оствари средба со државниот секретар за меѓународни прашања при Владата на Република Словенија, Војко Волк.

На средбата беше разговарано за односите помеѓу Северна Македонија и ЕУ и плановите на нашата земја за продолжување на преговорите со ЕУ, за што од страна на Волк беше потврдена силната заложба на Словенија за активирање на политиката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ.

-Потврдата дека имаме многу европски пријатели кои ја препознаваат нашата држава како идна членка на ЕУ дополнително нѐ охрабрува да продолжиме со реформите и влева оптимизам дека ќе успееме во процесите кои сме ги започнале, посочи на средбата вицепремиерот Маричиќ.

Во тој контекст вицепремиерот Маричиќ укажа дека Владата е максимално посветена на евроинтегративниот процес и на спроведувањето на реформите кои – преку примената на европските стандарди и вредности, им служат на граѓаните и на модернизацијата на државата, посочувајќи дека посебно внимание се дава на реформите во поглавјата 23 и 24, односно во областите на правдата, борбата против криминалот и корупцијата, малцинските права и слободата на медиумите.

Соговорниците разговараа и за исклучително добрите односи меѓу двете земји на политички, економски, културен и економски план и можноста за нивно унапредување.

Маричиќ во рамки на работната посета во Љубљана во македонската Амбасада ќе ги сретне и студентите од Македонската студентска организација во Словенија (МСОС) и македонските иселеници во Љубљана, а ќе присуствува и на настанот на првиот Форум на Европски Балкан, 20 години по Самитот на ЕУ во Солун, каде ќе се обрати на тркалезна маса на тема: „Моменталниот однос на ЕУ кон Земјите од Балканот”.

Tags: ЕУМакедонијаМаричиќСловенија
Next Post

Бесими-Камер: С. Македонија има стабилни политики и продолжува по тој курс

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk