ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Македонската сликовница има силни автори, вложуваме во иднина која ветува поширока афирмација

May 25, 2023 23:27
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во ден по денот во кој со должна почит ги чествуваме сесловенските просветители, солунските браќа Свети Кирил и Методиј, ми причинува задоволство што сум дел од овој разговор. Јас така го доживувам овој панел „Од буква до приказна“. И разговорот, како и приказната, започнува со буква. А без буква нема азбука, без азбука нема збор. Без збор, нема приказна. А без приказна, нема ни буква“, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“.

На панел-дискусијата „Од буква до приказна“, посветена на текстот во сликовниците, Костадиновска-Стојчевска посочи дека сликовницата е сериозна работа и дека на секоја одделно треба да ѝ се пристапи како на уметничко дело. Во тој контекст, таа додаде дека Министерството за култура е силен сојузник и поддржувач на овој Фестивал за литература и илустрација за деца.

„Пред 10 години издавачите се жалеа дека е загрижувачки мал бројот на наши автори на сликовници и воопшто на книги за деца и млади и дека затоа се принудени да преведуваат странски автори или да препечатуваат стари изданија само колку да има наши автори. Таа слабост ја увиде и Министерството за култура и, за среќа, во последниве три години, состојбата се менува. Во меѓувреме, за среќа, се појавија и нови генерации кои со својот талент и страст целосно се посветија на оживување на овој битен сегмент од литературата“, рече министерката за култура.

Таа додаде дека наша заедничка задача е да ја поттикнеме љубовта на децата кон книгата и да им создадеме култура на читање и да им го вкорениме ставот дека, без разлика на сите нови алатки, незаменливо е чувството кога држите книга в рака. Министерката за култура изрази задоволство од фактот што и издавачките куќи ја осознаа важноста на сликовниците и, со својата креативност и иновативност, помагаат сликовниците да се „центар“ на интересот на децата.

Таа потсети дека Министерството за култура со години, преку Годишната програма за поддршка на проекти во културата, поддржува сè повеќе наслови од овој вид книжевен израз, посветен на најмалите.

„Освен поддршката во рамките на Годишната програма, Министерството за култура објавува и Конкурс за финансирање преводи на странски издавачи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на други јазици. Тука да ја нагласам и поддршката од Министерството за култура за присуство на саеми за детска литература“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Во тој контекст, таа додаде дека на нашите автори им се достапни и многубројните европски фондови преку кои може полесно да се постигне вмрежување и партнерство со странски издавачки куќи. Детска литература се испраќа и преку културно-информативните центри во Њујорк, Истанбул, Тирана, Софија, Загреб, а наскоро и во Белград, како и во училиштата и на курсевите каде што се учи и изучува македонскиот јазик.

„Не велам дека е тоа доволно, дека тоа треба да биде сè што можеме да направиме“, рече министерката за култура, „затоа верувам дека со поголема поддршка во вид на иницијатива, на предлози може да станеме повидливи надвор од границите на нашата земја.“

На крајот министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека нема дете кое не сака сликовница, затоа што таа е негова сопственост еднакво важна колку и неговите играчки.

Во рамките на втората панел-дискусија, Костадиновска-Стојчевска и колегите од Владата, како и сите општествени чинители, освен за  планираните и остварени капитални инвестиции во културата, дебатираа и за капиталните инфраструктурни инвестиции, инвестиците во образованието и  во животната средина.

На панел-дискусијата „Од буква до приказна“ учествуваа и: писателката Бистра Георгиева; Ника Гавровска, авторка и издавач „Гаврош“; Бојан Саздов од Издавачката куќа „ТРИ“ и претседател на Македонската асоцијација на издавачи.

Инаку, на петтото издание на Фестивалот, што годинава се одржува под мотото „Свет со љубов“ и на кое се одржаа две засебни панел-дискусии, во фокусот беше македонската современа сликовница – предизвиците на илустраторите, писателите и на издавачите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаОд буква до приказна

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Кис Кам на коцерт од Колдплеј: Директорот на „Астрономер“ фатен во интимна сцена со шефицата, Бајрон јавно се извини

July 18, 2025

Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, обвинителниот акт доставен до одбраната

July 18, 2025

Од скопјани се бара да штедат вода, но речиси 40 проценти се загуби во системот, а само 37 отсто се фактурира

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk