Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска е во еднодневна работна посета на Љубљана, каде ќе оствари билатерални средби со државниот секретар за европски прашања, меѓународно право и заштита на интереси при Министерството за надворешни и европски прашања на Република Словенија, Марко Штуцин, со државниот секретар за меѓународни прашања при Владата на Република Словенија, Војко Волк и со поранешниот евроамбасадор во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар.
Во рамки на работната посета во Љубљана Маричиќ во македонската Амбасада ќе ги сретне и студентите од Македонската студентска организација во Словенија (МСОС) и македонските иселеници во Љубљана.
Вицепремиерот Маричиќ ќе присуствува на настанот на првиот Форум на Европски Балкан, 20 години по Самитот на ЕУ во Солун, каде ќе се обрати на тркалезна маса на тема: „Моменталниот однос на ЕУ кон Земјите од Балканот”.