ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Нашата заложба како Влада е обезбедување долгорочна фискална одржливост, економски раст и развој

May 26, 2023 14:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

„Заложбата на Владата на РС Македонија е да обезбеди долгорочна фискална одржливост. Само стабилни јавни финансии можат да обезбедат долгорочен раст и развој, насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните. Оттука, постепено го намалуваме буџетскиот дефицит, за да ги намалиме потребите за нови задолжувања, истовремено внимавајќи да не ја загрозиме развојната компоненета, бидејќи забавувањето на растот подеднакво произведува негативен ефект врз фискалната одржливост”, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на панел дискусија одржана во рамки на Состанокот на Конституенцата на ММФ и Светска банка во Тиват, Црна Гора.

Министерот Бесими учествуваше на панел дискусијата на тема „Стремеж за економска стабилност/Фискална консолидација и затегнување на монетарната политика – кој е оптималниот микс на политики?”, на која дебатираа гувернерите на централните банки на Молдавија, Ерменија и Романија, а свои обраќања имаа и Клас Кнот претседател на Банката на Холандија и Алфред Камер директор на одделот за Европа во ММФ.

Бесими посочи дека во услови на преклопување на неколку глобални економски кризи, потребна е добра координација помеѓу фискалната и монетарна политика. Во таа насока министерот истакна дека додека за време на ковид-кризата имаше потреба од експанзивна фискална политика поддржана од олабавена монетарна политика за да се раздвижи економската активност, за време на инфлациските пристисоци фискалната политика треба да пружи поддршка во настјувањата преку монетарната политика да се заузда побарувачката и да се влијае на ценовните притисоци, преку фискална консолидација, особено преку внимателно управување со расходната страна. Министерот Бесими потенцираше дека нашата Влада во оваа насока има донесено Стратегија за фискална одржливост, а спроведува и низа мерки со кои постепено се намалува јазот помеѓу приходната и расходната страна на буџетот, што е видливо преку стеснувањето на буџетскиот дефицит од година во година.

Министерот сепак потенцира дека фискалните власти треба да внимаваат на ранливите категории граѓани, како и на секторот мали и средни претпријатија, на кои им е потребна поддршка. Фискалната политика тука треба да ја одигра својата улога и да ги заштити овие субјекти, како и да ја заштитат економијата.Тој исто така истакна дека креаторите на политиката треба да дадат приоритет на реформите и јавните инвестиции коишто поттикнуваат раст, влијаат кон фискалната одржливост и ја забрзуваат зелената транзиција.

Министерот Бесими во Тиват на маргините на Состанокот на Конституенцата оствари билатерални средби со заменик-претседателот на Светска банка Антонела Басани и Алфонсо Гарсиа Мора, регионален заменик-претседател во ИФЦ, како и со директорот на одделот за Европа во ММФ Алфред Камер.

Tags: БесимиекономијаММФТиват
Next Post

23. издание на “Европската Недела на Фудбал“, иницирано од Специјалната Олимпијада, става акцент на улогата на фудбалот и спортот во општествената инклузија

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk