ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Oд први јули следува враќање на дневната евтина тарифа на струјата

May 26, 2023 12:41
in PMD, ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дефинирањето на цената на електричната енергија се прави од РКЕ, водејќи се од неколку параметри, појаснува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во утринската програма на Телма телевизија, одговарајќи на прашањето дали може да се очекува враќање на дневната тарифа на струјата.

„Еден од параметрите е цената која што ЕСМ може да ја постигне при нудењето на универзалниот снабдувач, ЕВН Хоум. Досега таа е цената која ја нудеше државата, субвенционирана за 80%. И оваа година и во 2023 година ние во буџетот имаме испланирано околу 250 милиони евра за поддршка на енергетската криза што опфаќа и поддршка на ЕСМ за да се финализира финалната цена за крајните потрошувачи. Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа, најверојатно ќе биде вратена од 1 јули. Тоа што се обидуваме и го покажавме кога беше многу потешко е да граѓаните најмалку го почувствуваат и тие кои ги нарекуваме во категоријата на најмалите потрошувачи, 97,8% од домаќинствата да бидат заштитени и малите потрошувачи во стопанството“, кажа Битиќи.

Во однос на тоа дали ДДВ-то на струјата може да се врати на 18%, за разлика од досегашните 10%, вицепремиерот одговори:

„Ние кога донесовме пред 1,5 година мерка за ублажување на состојбите со енергетската криза една од мерките беше намалувањето на ДДВ-то и тогаш најавивме дека таа постепено ќе се врати затоа што секако не сакаме да нанесеме поголема штета на приходната страна во буџетот. Се прават последните анализи дали ќе остане на ставката од 10% или може да се врати на 18% без притоа товарот да падне целосно кај граѓаните. Анализите се при крај, тендерот го објавува ЕВН Хоум, вообичаено го објавува мислам почеток на јуни, така што тоа е за брзо време а ЕСМ доаѓа со предлог каква цена ќе понуди до ЕВН, некаде при крај на јуни би требало да дефинира РКЕ нови цени за тарифи од 1 јули“, кажа Битиќи.

Тој додаде дека ние не зависиме само од домашното производство на електрична енергија, туку зависиме и од цените кои се движат на берзата.

-Но, како што беше последните 1,5 година одлуките ќе бидат донесени во полза на граѓаните и тие најмалку да ја почувствуваат кризата, заклучи Битиќи.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Евтина струјаФатмир Битиќи
Next Post

BtoBet, заедно со сестринските компании, се продаде за неверојатни една милијарда и двесте милиони долари

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Еурофарм Пелистер

    Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk