ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Јас ќе ги донесам и ќе ги предводам сите потребни одлуки кои ќе обезбедат граѓаните да имаат поголем стандард

May 26, 2023 13:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

САД ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во сите нејзини аспирации, а особено кон пристапувањето во ЕУ. Тоа е комплементарно на нашето стратешко партнерство и меѓусебната поддршка која си ја даваме низ веќе долг и значаен период од првиот ден од нашето осамостојување, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата во Владата со сенаторот Крис Марфи, член на Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат.

Тој додаде дека ова е втора негова средба со сенаторот Марфи, по средбата од пред неполни три недели во Вашингтон, за време на неговата посета на САД, што говори за силната посветеност на сенаторот кон регионот и за неговата лична и континуирана поддршка на Северна Македонија.

– Несомнено е дека ни претстои пат со тешки и храбри одлуки и она што со задоволство можам да го кажам е дека на тој пат имаме силна поддршка од Соединетите Американски Држави и од нивните високи претставници. Секое пријателство кое нѐ уверува дека сме на вистинскиот пат е од исклучителна важност за нас како држава, подвлече Ковачевски.

Додаде дека одлуката што е пред нас, не е одлука на еден човек, една влада или една политичка партија, туку на сите политички актери во државата.

– Ние мора да обезбедиме на нашите граѓани да живеат во држава членка на ЕУ. Нашата држава потекнува од поранешната југословенска федерација. Во тоа време имавме поголем стандард и од Словачка и од Чешка, Романија, Полска, Бугарија и од сите други земји кои станаа земји членки на ЕУ. Јас ќе ги донесам и ќе ги предводам сите потребни одлуки кои ќе обезбедат граѓаните на Северна Македонија повторно да имаат поголем стандард од сите граѓаните од кои што порано сме имале поголем стандард бидејќи тоа нашите граѓани го заслужуваат. На тој пат сметам и на поддршката на нашите стратешки партнери, пред се САД и земјите членки на ЕУ, подвлече Ковачевски.

Нагласи дека благодарение на поддршката од искрените пријатели како САД денес Северна Македонија, по три декади од својата независност, од земја корисник на меѓународни мировни мисии, стана земја фактор на стабилност на Западен Балкан, земја членка на НАТО, претседавач со ОБСЕ, земја со отпочнати преговори со ЕУ, земја во која се депонирани договорите потпишани во рамки на Берлинскиот процес и земја која е домаќин на преговори меѓу други држави.

Tags: граѓаниЕУКовачевскиСтандард
Next Post

Османи-Курти: Регионалната соработка е клучна алка во зајакнување на безбедноста

НАЈНОВО

Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025

Валентин Нешовски ја објави завршната книга од својата сај-фај трилогија: „Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“

November 13, 2025
Скриншот

Рубио: Русија јасно порача дека не сака мир, продолжува со напади и неделно губи 7.000 војници

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk