ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ОБСЕ е важен ресурс во дизајнирањето и спроведувањето на реформи во Косово

May 26, 2023 12:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ОБСЕ е подготвена да го поддржи спроведувањето на договорите постигнати во рамките на Дијалогот предводен од ЕУ со посредство на ЕУ, порача Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи по официјалната средба со претседателката, Вјоса Османи-Садриу во Приштина.

Османи изрази благодарност за силното партнерство и добрите односи со косовските институции кои траат повеќе од 20 години. Тој истакна дека е важно да се намалат тензиите на теренот во северно Косово за да се даде простор на политичкиот процес на дијалогот посредуван од ЕУ, кој ОБСЕ силно го поддржува.

„Дијалогот предводен од ЕУ, има потенцијал да придонесе за регионалната стабилност. Охрабрен сум од неодамнешниот напредок, вклучително и одобрувањето на Декларацијата за исчезнати лица”, потенцираше Османи.

Тој рече дека косовските институции и заедници постигнале извонреден напредок во промовирањето на функционални демократски институции, човековите права и владеењето на правото. Нагласи и дека дополнително ги охрабрил косовските власти да се осврнат на ОБСЕ како важен ресурс во дизајнирањето и спроведувањето на реформи.

„За нас е клучно решително да свртиме нова страница и заедно да погледнеме кон иднината. Напорите кои целат кон регионална соработка покажаа колку е важно да се остане близок и да се работи заедно. Дијалог и соработката треба да бидат императив за сите”, порача Османи.

Османи за време на посетата посебно внимание посвети на младите и нивниот развој, за кои рече дека мора да бидат мостот кон посветла иднина, посочувајќи дека корупцијата и климатските промени се особено сериозна закана за следните генерации. Оттука, рече Османи, ние мора да ги вклучиме младите доколку сакаме да се соочиме со овие предизвици на одржлив начин.

Tags: КосовоМНРОБСЕОсмани
Next Post

Пендаровски на средба со сенаторот Марфи: Поддршка за евроинтеграција на регионот за обезбедување траен просперитет

НАЈНОВО

фото: Димитар Атанасоски

Дејан Дуковски – Автор во фокус на 60. јубилеен МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

November 4, 2025

Магла изутрина, од четврток промена – доаѓаат локални врнежи од дожд

November 4, 2025

(ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk