Германија ќе повлече повеќе од 100 владини службеници кои работат во Русија, откако Москва го ограничи бројот на луѓе кои можат да работат во германските дипломатски претставништва на руска територија, соопшти денеска германското Министерство за надворешни работи.
Ова ограничување, кое Русија го постави од почетокот на јуни, бара големо намалување во сите области на нашето присуство во Русија, соопшти Министерството.
Тука спаѓаат и професорите, но и другите вработени во образовните институции и Гете институтот, па затоа е неопходно да се одржи дипломатскиот баланс на Германија, изјави извор од Министерството.
Изворот откри дека се работи за најмалку 100 луѓе. Германското Министерство смета дека ова е еднострана, неоправдана и неразбирлива одлука на Русија, пренесуваат западните медиуми.
Односите меѓу Русија и Германија, некогаш најголемиот потрошувач на руска нафта и гас, се влошија по почетокот на руската инвазија на Украина и одговорот на Западот со санкции и испораки на оружје.
Г. Т.