ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Актуелните и идните предизвици на Северна Македонија во фокусот на обраќањето на Пендаровски на Школата за политика

May 28, 2023 17:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на вториот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се одржа викендов во Охрид./Фото: МИА

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на вториот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се одржа викендов во Охрид./Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на вториот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се одржа викендов во Охрид.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, пред учесниците на годинешната Школа за политики, Пендаровски зборувал за актуелните и идните политички и безбедносни предизвици за Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски зборувал и за севкупните состојби во нашата држава на политички план, во контекст на политичкиот дијалог во земјата и на состојбите и предизвиците за македонските евроинтеграции, за безбедносните и геополитичките случувања во Европа и регионот, а се осврнал и на темите за социоекономскиот развој и перспективите за младите во земјата.

На вториот модул на Школата за политики, како што се наведува во соопштението, се дискутираше за учеството на младите на пазарот на трудот и политиките за намалување на младинската емиграција од земјава, за активните социјални политики за поттикнување на социоекономскиот развој, за влијанието на бизнис иновациите и стартапите врз економскиот раст, за иднината на капитализмот и глобализацијата,  како и за политиките за заштита и промоција на правата на маргинализираните групи во македонското општество.

Вториот модул на Школата за политики го отвори директорот на фондацијата „Фридрих Еберт“ за Северна Македонија и Косово, Рене Шлее, а предавања одржаа и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, Наташа Бошкова од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници „Маргини“, професорот на правниот факултет „Јустинијан Први“, Ванчо Узунов, претседателот на Совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања при Стопанската комора на Северна Македонија, Глигор Бишев, главниот извршен директор на фондацијата „МК2025“, Никица Мојсоска-Блажевски, советникот за економски прашања на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Јоханес Хајдекер и Тамара Димитрова, стартап експерт во Северна Македонија.

Обраќање имаше и претседателот на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование и советник на претседателот за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања, Александар Љ. Спасов.

Извор:МИА

Tags: обраќањеПендаровски
Next Post

Затворени избирачките места во вториот круг од претседателските избори во Турција

Shortcut

Најново

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

November 2, 2026
Протести во Италија, 2026

Автентичните граѓански протести во Европа и пропагандата стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk