ЦИВИЛ – Центар за слобода со поддршка од Градоначалникот на општина Гостивар, д-р Арбен Таравари, организира јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија” во просториите на Општината, денес, 29 мај, со почеток во 13 часот.
На оваа граѓанска средба се поканети претставнички и претставници на граѓанските здруженија, медиумите, локалните институции, бизнис секторот, верските заедници, политичките партии и подмладоци и заинтересирани граѓанки и граѓани.
Настанот ќе го води Дијана Тахири од ЦИВИЛ, а на почетокот ќе говорат градоначалникот, д-р Арбен Таравари и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.
По воведните излагања, ќе биде отворена дискусија со кратки излагања до пет минути. Учесниците се поканети да говорат, како за предизвиците, така и за решенијата што ги предлагаат.
На крајот од дискусијата, ќе се направат нацрт заклучоци и препораки кои потоа ќе бидат разработени во комуникација со локалните власти и ќе бидат упатени на соодветни институции и организации.
Работата на овој собир е јавна и се очекуваа придонес од сите засегнати страни и носители на одлуки.