Министерот за надворешни работи Бујар Османи од денес престојува во работна посета на Словачката Република, каде што ќе учествува на безбедносниот форум ГлобСек 2023.
Османи ќе има свое обраќање на панелот посветен на иднината на проширувањето на Европската Унија, а ќе учествува и на неколку други тркалезни маси и панел дискусии.
На агендата на Османи во Братислава се и бројни билатерални средби со свои колеги, на маргини на форумот.