ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски ги потпиша указите за петте закони за изградба на коридорите 8 и 10д

May 29, 2023 15:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска соопшти дека ги потпишал указите за прогласување на петте закони за изградба на коридорите 8 и 10д. Како што рече на прес-конференција, секоја заинтерсирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој од овие закони, вклучувајќи го и оној за измени и дополнувања на Законот за работни односи за кој реагираа дел од синдикатите, дел од граѓанските здруженија и некои политички партии.

Според шефот на државата, по консултации со експерти е утврдено дека Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи не ја содржи оспорената одредба од Уставниот суд која предвидуваше дека „работното време на секој работник може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината“.

-Изминативе денови направив низа консултации во однос на уставноста на новиот текст на законот со експерти од областа на трудовото право, со поранешни судии на Уставниот суд и со советниците во мојот Кабинет. По сумирањето на различните мислења донесов одлука да го потпишам Указот за прогласување на овој закон, и на останатите четири закони. Сепак, имајќи ги предвид приговорите на дел од синдикатите, дел од граѓанските здруженија кои работат во оваа сфера, како и на некои политички партии укажувам дека секоја заинтересирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој закон, вклучително и на овој закон. Уставниот суд е единствената институција во нашиот правен поредок која го дава последниот збор во однос на уставноста на законите и има на располагање механизми со кои може брзо и ефикасно да донесе соодветна одлука, ако така смета, истакна Пендаровски.

Тој оцени и дека изминатите недели во јавноста се разви легитимна дебата во однос на содржината на овие закони, а за еден од нив и за неговата уставност, имајќи ја предвид одлуката на Уставниот суд од минатата година.

-Неспорејќи го легитимното право за сеопфатна дебата за секој закон, вклучително и овие, сакам да укажам дека дебатата од мал број на субјекти беше употребена за зголемување на и онака високата поларизација во нашето општество што го отргна фокусот од вистинските прашања поврзани со овие закони. Односно наместо дискусијата да се насочи кон придобивките и можните ризици во однос на проектот, јавната дебата се претвори во расправа за нашите стратешки евроатлански ориентации и аспирации, нагласи претседателот.

Собранието во петокот ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за работни односи, Законот за експропријација, Законот за градење, Законот за урбанистичко планирање и Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола).

Законите беа донесени по скратена постапка, откако Владата ги означи со европско знаменце и го достави до Собранието.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МакедонијаПендаровски
Next Post

Спасовски за настаните во Арачиново: Преземени се мерките од страна на институциите

НАЈНОВО

Ставрев: Медицинските докази кои Обвинителството ги прикажува се вештачења направени во Словенија од „обичен доктор онколог“

September 10, 2025

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025

Пожарот на „Дрисла“ сè уште активен, Ангелов се сомнева на подметнување

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватската легенда Дарко Рундек го снима најновиот видео спот во Скопје под режија на Ѓорѓе Јовановиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk