ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски за настаните во Арачиново: Преземени се мерките од страна на институциите

May 29, 2023 15:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан за настаните во Општина Арачиново, посочи дека преземени се мерките од страна на институциите но упати порака до тие што, како што рече, ги прават конфликтите заради нерасчистени лични интереси. Тој рече дека граѓаните не можат да бидат заложници на никакви лични или политички интереси.

Спасовски информираше дека два пати се пријавени такви настани и дека се преземени сите неопходни мерки во однос на лицата коишто практично ја нарушуваат безбедноста.

– Во државата во ниту еден момент никој не смее никого да напаѓа ниту да претставува опасност за него, меѓутоа сепак, доколку има лични недоразбирања или какви било мотивации за такви нарушувања, да ги расчистуваат, а институциите да функционираат нормално во интерес на граѓаните, истакна министерот Спасовски.

Во однос на прашањето за токму сличниот одговор од претходно во однос на истото прашање, околу тоа како сами да ги расчистуваат тие недоразбирања, дали би требало да има полициска интервенција во тој однос или дали министерот со ваквата изјава праќа порака до коалицискиот политички партнер, Спасовски рече дека во однос на активностите коишто ги презема полицијата секогаш се преземаат мерки и се поднесуваат и кривични пријави во однос на настаните, а и обвинителството презема мерки околу тоа.

– Во делот на институциите, тоа е нешто што е преземено. Пораката не ми е до политичките структури или кого било, пораката ми е до тие што ги прават конфликтите. Ова не е прв конфликт во општината и тоа е, според нашите сознанија, заради нерасчистени лични интереси. Затоа упатувам апел дека граѓаните не можат да бидат заложници на никакви лични или политички интереси, истакна министерот за внатрешни работи додавајќи дека таквите недоразбирања треба да ги расчистат тие коишто таквите односи ги креирале на општината.

Tags: АрачиновоМВРСпасовски
Next Post

Професор од Хрватска за време на екскурзија се прикрал во соба на ученици и ги снимал додека спиеле

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk