Властите во источниот канадски град Халифакс прогласија вонредна состојба откако пожар предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија, затворени се неколку училишта, а исто така е наредена и евакуација на жителите.
Гаснењето на шумскиот пожар и на спасувачките служби е отежнато поради силните ветрови и сувите дрвја. Десетици домови се оштетени.
Халифакс е главен град на канадска провинција Нова Шкотска
Западните канадски провинции Алберта и Британска Колумбија се соочуваат со невообичаено топла пролет оваа година. Досега и во двете провинции избувнаа неколку шумски пожари, поради што привремено беше прекинато производството на нафта и гас.
Во мај, властите во Алберта прогласија вонредна состојба во целата провинција. Поради големиот пожар десетици илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.