ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Агенција за филм: Нема лаги и дезинформации во постапките поведени за „Банана филм“

Со оглед на тоа дека Министерството за култура не е истражен орган и нема надлежност да постапува, како што се наведува во известувањето, предметот го доставува до Управата за финансиска полиција, како надлежна за натамошно постапување.

May 30, 2023 14:14
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за филм излезе со соопштение по повод информациите изнесени во јавноста во врска со кривичната пријава за продуцентската куќа „Банана Филм“ и одлуката на Управниот одбор за прекин на проектите на оваа продукција од страна на Агенцијата.

Од Агенцијата велат дека не се точни информациите дека инспекциските служби не пронашле нелогичности во работењето на оваа продукција, како што се тврди во написите испратени до медиумите преку „Банана филм“.

„Како што е јасно наведено во известувањето и записникот на инспекторатот на
Министерството за култура очигледни се нелогичности во работењето на оваа
продуцентска куќа за филмот ‘Врба’. При надзорот се констатирани одредени
нелогичности во однос на ангажирањето на ‘Милкман продукција’, поради што
инспекторот не стекна разумно уверување за потребата од ангажирање на ‘Милкман Продукција’ од Њујорк“, стои во записникот од извршениот инспекциски
надзор, а посочуваат од Агенцијата за филм.

Со оглед на тоа дека Министерството за култура не е истражен орган и нема надлежност да постапува, како што се наведува во известувањето, предметот го доставува до Управата за финансиска полиција, како надлежна за натамошно постапување.

Во известувањето на СУИН е наведено следново: „Со оглед дека евентуалните
неисполнети обврски кон Агенцијата за филм од страна на „Банана филм“ ( во однос на проектот „Мајки“ ) би ја довело во прашање законитоста на постапката во одобрување и исплатата на средства за наредните филмски проекти – „Врба“, „Кајмак“ и најновиот „Биста“ со Банана филм – Скопје, записникот од вонредниот инспекциски надзор од страна на СУИН на Министерството за култура е доставен на запознавање и евентуално понатамошно постапување до Министерството за финансии, Управата за финансиска полиција.“

„Уште еднаш сакаме да истакнеме дека стручните служби и УО на АФРСМ, по
информациите изнесени во јавност во врска со работењето на оваа продукција, дека истата не поднела завршен финансиски извештај за средства во висина од 55.000.000. денари за филмот „Мајки“ како и низа други неправилности, постапија според нивната законска обврска и извршија увид во документацијата, по што констатираа видно нарушување на процедурите: неподнесување завршен извештај и употреба на исправа- изјава со невистинита содржина, што според законите на РСМ претставува кривично дело“, се вели во соопштението на Агенцијата за филм.

Притоа се додава дека согласно своите надлежности Управниот Одбор на АФРСМ имал обврска да поднесе соодветна пријава до надлежното обвинителство, и да соработува со Управата за финансиска полиција откако до истата управа инспекторатот при Министерството за култура го доставила записникот од
извршениот вонреден инспекциски надзор.

Сето горенаведено е поткрепено со соодветна писмена документација, порачаа од Агенцијата за филм.

Што се однесува до извештајот на Државниот завод за ревизија, чиј текст беше изнесен во јавноста како тврдење за неправилно работење на АФРСМ, Агенцијата во своето соопштени тврди дека во него не постои констатација за материјално финансиски недоследности.

„Извештајот е во духот на вообичаената пракса при нивниот увид во државните институции, а сите препораки се однесуваат на подобрување на административниот дел од функционирањето на нашата институција, па како таков раководството и УО на Агенцијата позитивно го прифаќа како патоказ за подобрување и поефикасно постапување на институцијата во рамките на своите законски надлежности“, велат од Агенцијата.

 

Tags: Агенција за филмБанана филмМилчо Манчевски
Next Post

Хусејин: Развојот на инклузивната и отворена трудова политика се клучен елемент за унапредување на квалитетот на животот

Shortcut

Најново

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

Анализа на ЦИВИЛ: Што навистина откри OpenAI и што предизвикува сензационализмот?

September 18, 2026
Пит Хегсет (фото извор: Инстаграм профил на Пит Хегсет)

Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

September 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk