ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Скопје одржан завршен настан на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”

May 30, 2023 14:40
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор” во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива” и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак”, денес во Кино Фросина при МКЦ, одржаа завршен настан на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”. Овој проект е финансиран од Европската Унија, а се реализраше во соработка со Министерството за образование и наука. Проектот придонесува за суштинска вклученост на учениците со попреченост во редовните основни училишта, преку следниве активности: се доделија месечни стипендии на 474 ученици со попреченост, во 43 училишта беше подобрена пристапноста и инклузивноста, повеќе од 150 ученици со попреченост добиваа образовно-туторска поддршка, 300 родители беа консултирани за секојдневните предизвици и повеќе од 430 вработени во училиштата учествуваа во обуки за поддршка на процесот на подучување ученици со попреченост.

Настанот понуди разновидни содржини, од панел дискусија за инклузивно образование со претставници од релевантни институции, преку активности за најмладите со актерот Мартин Јорданоски, до изложба на 10-годишниот уметник и стипендист на проектот Филип Циглењак Симоновски, како и промоција на 30-минутниот документарен филм „Повеќе од попреченост” кој е подготвен како дел од проектот. Овој филм е премиерно прикажан на овој завршен настан, а во текот на јуни ќе биде достапен и на националните и локалните телевизии и на социјалните медиуми на Фондацијата „Чекор по чекор”.

На завршниот настан свои обраќања имаа: Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, Претставникот од Делегацијата на Европската Унија, Нафи Сарачини и Извршната директорка на Фондацијата „Чекор по чекор”, Сузана Киранџиска.

На настанот, г-н Нафи Сарачини, во име на Делегацијата на Европската Унија, изрази благодарност за проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”, кој постигна импресивни резултати во изминатите 30 месеци во остварувањето на својата благородна цел. „На сите ни е добро познато дека резултатите можат да дојдат, како што вели името на организацијата што го спроведува, чекор по чекор. Но, сите се надеваме дека конечниот исход ќе направи разлика во борбата против дискриминацијата и во промовирањето на еднакви права и гледањето на попреченоста како разновидни способности – позитивен елемент и талент што треба да се препознае и искористи”, истакна г-н Сарачини.

Министерот за образование и наука г-н Јетон Шаќири ѝ се заблагодари на Европската Унија за финансирањето на Проектот кој е од суштинска важност за остварување на визијата на Владата за градење еднакво општество за сите. „Резултатите кои ги постигнавме во изминатите 30 месеци преку проектот „Биди ИН, Биди ИНклузивен, Биди ИНклудиран” се импресивни, мотивирачки и иницираат нови идеи и активности за обезбедување дополнителни облици на поддршка за вклучување на ученици со попреченост во редовните основни училишта и за олеснување на нивниот воспитно-образовен процес.” изјави Министерот Јетон Шаќири.

Во своето обраќање г-ѓа Сузана Киранџиска потенцираше дека целта на Фондацијата „Чекор по чекор” е да идентификува остварливи и конкретни активности за градење инклузивен образовен систем кој ќе ја забрза заедничката цел за обезбедување можности за учење и развој на секое дете. „Овозможувањето секое дете и семејство, особено оние кои се дел од ранливите групи, да бидат вклучени, почитувани и вреднувани, да партиципираат и да работат на остварување на заедничките цели и да го развијат својот потенцијал, е од интегрално значење за да имаме квалитетно образование. Токму проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран” беше уште една заложба да ја оствариме својата визија за квалитетно и инклузивно образование за секое дете. Многу сме ѝ благодарни на Европската Унија, со чија финансиска поддршка го реализиравме овој проект.” изјави г-ѓа Киранџиска.

Tags: „Биди ИН биди ИНклузивен биди ИНклудиран"настан
Next Post
фото МТТФ

Вкупно 39 медали за Македонската традиционална таеквон-до федерација на „Гран при Зворник 2023“

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk