ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Курти: Исклучувањето на Косово од воената вежба „Бранител Европа 2023“ е катастрофа и не е фер

May 31, 2023 17:01
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот на Косово, Албин Курти ја оцени американската одлука да го прекине учеството на Косово на воената вежба во Европа под американско раководство како неправедна и катастрофа.

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, ден претходно соопшти дека Владата на Косово не ги координирала со САД акциите преземени на северот во државата и затоа ги претрпе првите последици, откажување на учеството на вежбите „Бранител Европа 2023“.

– Она што го видовме е прекин на вежбата „Бранител Европа 23“, за која се подготвувавме две години. Тоа е катастрофа. Мислам дека не е фер, но кој сум јас да одлучам? Повторно дозволете ми да нагласам дека САД се незаменлив пријател, партнер и сојузник за нашата безбедност и одбрана, за нашата демократија и развој, истакна Курти одговарајќи на прашањето на Радио Слободна Европа (РСЕ) дали американските мерки се удар за Косово.

Курти во Братислава денеска се сретна со високиот претставник на Европска Унија за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.

На прашањето на РСЕ како помина средбата со европските претставници, косовскиот премиер истакна дека „средбата била важна“.

– Мораме да има имплементацијата (на договорот Косово-Србија) на вистинскиот пат и мислам дека некогаш сме стагнирале, а понекогаш скршнуваме од патот. Затоа ми беше многу важно да дојдам во Братислава на оваа средба и да ги информирам Борел и Лајчак, бидејќи треба да биде јасно за неодамнешните настани во Косово предизвикани од Србија, посочи Курти.

Од друга страна, нагласи тој, „потребно е што поскоро да се спроведе договорот“.

Да не заборавиме, имаме договор, немаме избор. Сепак, немаме решение, не затоа што немаме договор, туку затоа што немаме имплементација на договорот. Се обидов да ги убедам Борел и Лајчак да се фокусираат 100 отсто во однос на време и енергија на редоследот за спроведување на договорот меѓу Косово и Србија, истакна Курти, алудирајќи на патоказот што тој и српскиот претседател Александар Вучиќ го договорија на средбата во Охрид на 18 март.

Во меѓувреме, РСЕ јави дека Лајчак, ќе отпатува во Кишињев, каде ќе има средба  со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Утре во Кишињев ќе се одржи Вториот самит на Европската политичка заедница, на кој ќе учествува и Вучиќ, а Лајчак ќе оди во Молдавија само за да разговара со претседателот на Србија за случувањата на северот на Косово. По Молдавија, Лајчак ќе биде Белград и Приштина, според РСЕ.

Првиот Самит на европската политичка заедница се одржа во октомври 2022 година во Прага, на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон.

Tags: воена вежбаКосовоКурти
Next Post
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Братислава се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи/Фото:Влада.мк

Ковачевски - Макрон: Франција сака да ја види Северна Македонија успешна и интегрирана во ЕУ

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk