Гала филмска вечер со премиерата на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“, ќе се одржи вечер во 20 часот во кино Милениум во организација на Амбасадата на Франција во Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје, со поддршка на Младинскиот културен центар.
Настанот ќе го отвори францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, и Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје.
Филмот „Ноќта на 12-ти“ е дело на режисерот Доминик Мол, а во главните улоги играат Бастиен Бујон, Були Ланерс, Тео Шолби (2022). Добитник е на шест награди Цезар за 2023 година, меѓу кои и за две од најпрестижните – Цезар за најдобар француски филм и Цезар за најдобра режија.
„Француските медиуми со одлични критики за филмот. „Фигаро“ го прогласи за филм на годината, а „Ел“ напиша дека филмот е повеќе од трогателен, моќен и вознемирувачки.
За „Синема тизер“ проекцијата на „Ноќта на 12-ти“ на Канскиот филмски фестивал 2022 ќе остане како дата за паметење.
Прецизно напишан, филмот „Ноќта на 12-ти“ е напнат трилер за горчливите прашања поврзани со насилствата врз жените, оцени „Теле Лоазир“ (Télé Loisirs).