ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Земјите членки на ЕУ ги интензивираат подготовките за прием на нови земји

May 31, 2023 10:06
in PMD, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Борјан Јовановски

Група експерти од Германија и Франција работи на нов предлог за да ја адаптира ЕУ за прием на нови земји членки, изјави  германската министерка за Европа Ана Лурман пред Советот за општи работи на ЕУ.

„Овде, на Советот за општи работи, секогаш сме зафатени со подготовка на ЕУ за проширувањето што ќе се случи  со  нови земји-членки. И затоа во јануари основавме германско-француска група експерти, која првенствено се занимава со тоа како да се подготвиме за оваа рунда на проширување“, рече Лурман.

Таа нагласи дека претставниците на двете земји неодамна имале вечера со сите свои колеги од земјите членки, на која експертската група ги презентирала резултатите од работата.

Дека Германија и Франција работат на нови модалитети за проширување на ЕУ потврди и француската државна секретарка за Европа Лоренс Бун која посочува дека проширувањето веќе не е во прашање, туку начинот на спроведување на тој процес.

„Имавме неформална вечера за да почнеме да зборуваме за проширувањето. Бевме присутни 27 од нас министрите задолжени за Европа. Никој не се сомневаше дали треба да има проширување, сите се согласуваат дека тоа треба да се направи и тоа брзо“, рече Бон.

„Постојат три важни прашања – првото е поврзано со фактот дека ЕУ треба прво да го поднесе овој „шок“, па како да ги реформираме нашите политики, нашиот буџет и институции“, нагласува францускиот претставник.

Не помалку важен предуслов е земјите кандидати да бидат подготвени.

„Има реформи за тоа, но мора да се посветиме и да им помогнеме да ги спроведат тие реформи, особено во владеењето на правото, вели Бон.

Како што беше соопштено диксусијата во овој формат ќе се интензивира и ќе трае во текот на целата година.

Во меѓувреме се профилираа две нефромални  групи на земји членки кои разговараат за иднината на ЕУ и предизвиците на кои треба да одговори.

Едната група се нарекува -Група на пријатели- додека другата, исто така неформална, се нарекува Атлантска и ги обединува земјите членки на ЕУ кои излегуваат на Атлантскиот океан.

Целта на Групата на пријатели е да ја подобри ефективноста и брзината на нашето одлучување во надворешната политика. Во контекст на руската агресивна војна против Украина и растечките меѓународни предизвици со кои се соочува ЕУ, членките на Групата се убедени дека на надворешната политика на ЕУ и се потребни адаптирани процеси и процедури со цел да се зајакне ЕУ како надворешнополитички актер. Подобреното одлучување е исто така клучно за да се направи ЕУ поефикасна за иднината, се вели во соопштението на Групата на пријатели која ја сочинуваат Белгија, Финска, Франција, Германија, Италија, Луксембург, Холандија, Словенија, Шпанија.

Групата има за цел да постигне напредок во однос на поефикасното одлучување во ЗНБП на прагматичен начин, фокусирајќи се на конкретни практични чекори и градејќи се на одредбите кои се веќе предвидени во Договорот за Европската унија, се вели во ова заедничка изјава на 9 земји членки на ЕУ.

На слични теми со акцент на проширувањето и предизвикот да се интегрира Украина во ЕУ неодамна во Порто се одржа и состанок на Атлантската група во која членуваат Данска, Франција, Португалија , Шпанија, Ирска , Белгија и Холандија.

Оваа група на земји членки се фокусира на институционалните и буџетските предизвици предизвикани од проширувањето на ЕУ. На оваа тема се очекува и формална дискусија на  Европскиот совет во јуни.

Извор Нова ТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Атланска групапроширување на ЕУСовет на министри на ЕУ

НАЈНОВО

Премиерот Санчез му одговори на Трамп: Шпанија е суверена земја

June 27, 2025
Пожар, илустрација. Фото: ВИ

Стан изгоре во пожар во Делчево

June 27, 2025

Муцунски не разбирал што е тоа „модерен“ македонски јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во ЕП

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Сиљановска-Давкова не е свесна за тежината на гафовите кои ги има направено вчера

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Денот на знамето на Кримските Татари: Слобода и правда за Вилен Темерјанов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МНРиНД: Во Конзулатот во Солун пријавено дека 19-годишен македонски државјанин починал во Ханиоти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk