ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Кардула со постер „На кафе во Крушево“ како поддршка за „Крушево град на културата 2023“

June 2, 2023 17:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула, како поддршка за „Крушево град на културата за 2023 година“, илустрира постер „На кафе во Крушево“ инспириран, како што вели, од шољите за кафе на баба му.

„Крушево оваа година е град на културата па моја поддршка со еден постер инспириран од шољите за кафе на баба ми, направени од најфин порцелан, безвременски дизајн. Посетете го Крушево па макар и на кафе и осетете ја убавината и спокојот кој го нуди ( плус продолжен викен)“, порачува Кардула.

Постер на Кафе во Крушево. Автор: Зоран Кардула

Со посетата на галеријата „Мартиноски“ и концертот на евергрини на Камерниот оркестар од Битола „Безвременска хармонија“, пред споменикот „Македониум“ во Крушево на 27 мај и официјално почна манифестацијата „Град на културата 2023“.

Концертот на евергрини на Камерниот оркестар од Битола „Безвременска хармонија“, пред споменикот „Македониум“ во Крушево

На отворањето на манифестацијата, која оваа општина ќе ја реализира во текот на годината под мотото „Крушево – жив споменик на културата“, пред присутните се обратија министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот Томе Христоски.

Во рамките на манифестацијата, во Крушево во текот на целата година ќе се реализираат голем број настани на различни локации во и околу градот.

Дизајн на постер: Теано Кардула

Реализацијата на програмата на проектот „Културен град“ е во соработка со локалната самоуправа и е од особено значење за зајакнување на културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво.

Крушевчанецот Зоран Кардула, кој живее и работи во Скопје, во август минатата година одржа изложба во споменикот Илинден што беше во рамките на манифестацијата „Десет дена Kрушевска Република“.

Во изјава за ФРОНТЛАЈН, Кардула рече дека во сеќавање му е и Star Wars сериалот кој го гледал во киното во Крушево и уште тогаш имал впечаток како Македониумот да е излезен од серијалот иако истиот е изграден неколку години порано.

Над 500 посетители на изложбата на Зоран Кардула во Крушево

Крушево, Силата нека биде со тебе…

Како крушевчанец секако дека сум фасциниран од Македониумот. Се сеќавам на почетокот на неговото градење, на отварањето и на активностите кои сме ги имале како ученици. Дефинитивно има необичен изглед и на тоа кога ќе се надоврзе местоположбата несомнемо доминира во просторот, рече Кардула за Фронтлајн.

Изложбата, инспирирана од познатиот филмски серијал „Стар ворс“ (Star Wars) и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден, ја отвори Владимир Конески, професор на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје.

Ј. Ѓ.

Поврзано

(ФОТО) Костадиновска-Стојчевска: Годинава Крушево станува регионален и европски културен центар

Tags: Град на културата 2023Зоран КардулаКрушево
Next Post
Претседателот Џафери, денес, на маргините на состанокот на високо ниво на спикери на парламенти на земји членки на НАТО, оствари средба со првата потпретседателка на Националното собрание на Француската Република, Валери Рабо на нејзино барање.

Средба на Џафери со првата потпретседателка на Националното собрание на Француската Република

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk