ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Премиерата на филмот „Некрстени денови“ на Иво Трајков вечерва во Кинотека ќе го означи почетокот на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал

Во компетитивната програма во конкуренција за наградата „Златен був“ од стручното жири и од публиката за Најдобар долгометражен филм ќе бидат шест филмови, сите за првпат во Македонија, меѓу кои и една македонска ко-продукција.

June 2, 2023 11:01
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Сцена од „Некрстени денови“ на Иво Трајков

Сцена од „Некрстени денови“ на Иво Трајков

Share on FacebookShare on Twitter

Со премерата на филмот „Некрстени денови“ на Иво Трајков, вечерва во 20 часот во Кинотеката на С. Македонија ќе започне 13. издание на  Филозофскиот филмски фестивал. Режисерот Трајков е  еден од ексклузивните фестивалски гости со кого публиката ќе има можност да се вклучи во дискусија по прикажување на филмот. Како увертира на проекцијата ќе биде одржан музички перформанс на Филип Букршлиев и Андреа Мирческа, емисари на Новиот македонски бран на џез музика.

Филмот “Piargy” е прикажан на голем број фестивали и освои голем број награди, но сакав премиерното прикажување во Македонија да биде нешто вонредно. Од тој поглед ми се чини дека и самата идеја за филозофски филмски фестивал е нешто уникатно и надвор од рамките на Македонија. Филозофијата е присутна во секој филм како составен дел на животот. Во овој филм се појавуваат и некои теозофски аспекти – вели  режисерот Трајков по повод фестивалската премиера.

Фестивалот кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност, во осумте фестивалски дена (2-9 јуни) во Кинотеката на С. Македонија,  на публиката ќе ѝ понуди 40-тина филмови, 50-тина настани, а ќе има 15-тина гости.

Во компетитивната програма во конкуренција за наградата „Златен був“ од стручното жири и од публиката за Најдобар долгометражен филм ќе бидат шест филмови, сите за првпат во Македонија, меѓу кои и една македонска ко-продукција. Имено, станува збор за погоре споменатиот филм („Некрстени денови“) на нашиот познат режисер Иво Трајков („Големата вода“, „Медена ноќ“), кој долги години живее, твори и предава на престижната FAMU во Прага. „Некрстени денови“ плени со раскошна визуелност и со апокалиптичката приказна сместена во предворјето на Втората светска војна.

Како дел од натпреварувачката програма од утре ќе бидат прикажани, колумбискиот филм „Кралевите на светот“ на Лаура Мора, јапонскиот „План 75“ на режисерката Чие Хајакава, потоа, уште еден силен дебитантски филм, „1976“, овојпат на младата чилеанска режисерка Мануела Мартели,  иранскиот „Последниот снег“ на Амирхосеин Асгари. Последниот филм од долгометражната филмска селекција е поврзан со специјалниот гостин на годинешното издание на Фестивалот, односно последното филмско остварување на светски познатиот режисер, Кшиштоф Зануси, „Совршен број“ – филм кој ќе го претстави самиот режисер во Скопје.

Во двојната конкуренција за „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм, ќе бидат 15 филмови од повеќе земји во светот: САД, Канада, Финска, Јужна Африка, Холандија, Португалија, Костарика, Полска, Унгарија, Швајцарија, Кина и Грција. Пред почетокот на првата вечер од проекциите на краткометражни филмови, а како дел од Фокусот Годар, ревијално ќе биде прикажан неговиот краток филм „Во темнината на времето“.

Селектор на официјалната селекција на долгометражни филмови е проф. м-р Кирил  Трајчев, додека за изборот на краткометражни филмови се погрижи    д-р Дејан Здравков; филмовите во Ревијалната програма, во соработка со гостите на Фестивалот, се филтрирани од Слаѓан Пенев и Ана Дишлиеска Митова.

Жирито за официјалната конкуренција на долгометражни филмови го сочинуваат: д-р Елизабета Шелева (професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ), д-р Луис Мартин Ариас (професор на Универзитетот во Ваљадолид, Шпанија) и д-р Нил Кенеди (професор на Тринити колеџот во Даблин, Ирска). За наградите во официјалната конкуренција на краткометражни филмови ќе одлучува жири во состав: Наташа Неделкова (интердисциплинарна уметница и истражувачка), Том Докал (филмски критичар, Луксембург) и Ана Јакимска (режисерка и сценаристка).

Мотото на годинешното издание на ФФФ гласи „Сè е филм, во множина“, и е  инспирирано од големиот филмски великан од Францускиот нов бран Жан-Лик Годар (1930-2022) за кого Фестивалот подготвува специјален интерпрограмски фокус.

Во чест на фестиваскиот фокус за прв пат на голем екран ќе биде прикажан серијалот што режисерот го подготвува и снима 10 години, култниот „(И)стории на филмот“.

Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија во соработка со Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје и Кинотеката на С. Македонија. Институционални поддржувачи на ФФФ се Агенцијата за филм и Министерството за култура на Република С. Македонија. Во подготовката на ова издание значајна поддрѓка дадоа Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје, Амбасадата на Република Полска во Скопје, МЕДИА Деск Мк, Музејот на современата уметност Скопје, како и бројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот.

Филозофскиот филмски фестивал е еден од ретките филмски фестивали во светски рамки што продуктивно ги истражува плуриперспективните димензии на релацијата меѓу филозофијата и филмот.

 

Tags: Кинотека на РСМфилмовиФилозофски филмски фестивал
Next Post

Изречени 198 сообраќајни прекршоци во Скопје, 57 за брзо возење

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk