Европската вселенска агенција почна да го емитува првиот пренос во живо од Марс.
За време на преносот, ќе бидат прикажани никогаш претходно видени детали од „црвената планета”, а преносот во живо ќе биде достапен преку Јутјуб каналот на Европската вселенска агенција (ЕВА).
Сондата „Марс експрес“ која работи за оваа агенција, ќе испраќа слики кон Земјата на секои 50 секунди, со почеток од 17:00 часот по средноевропско време.
„Марс експрес” се наоѓа на висина од повеќе од 17 километри над површината на Марс.
Станува збор за стара камера, првобитно планирана за инженерски цели, на растојание од скоро три милијарди километри од Земјата.
Ова е прв обид и не сме 100% сигурни дека ќе функционира, но сум доволно оптимистичен. Обично гледаме слики од Марс и знаеме дека се снимени пред неколку дена. Возбуден сум кога го гледам Марс во реално време, изјави Џејмс Годфи, раководител на операциите со вселенскит летала во Центарот за контрола на мисиите на ЕВА.
Од ЕВА укажуваат дека, иако преносот е во живо, ќе поминат 22 минути за податоците да преминат повеќе од 460 милиони километри од Марс до Земјата.
Извор: Н1инфо
Подготви: Марта Пешевска