Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Португалецот Кристијано Роналдо, објави денеска дека и следната сезона ќе го носи дресот на саудискиот прволигаш Ал Наср.
Роналдо дојде во Саудиска Арабија во јануари оваа година, потпишувајќи двегодишен договор вреден 220.16 милиони долари.
Во својата дебитантска сезона во саудиското првенство постигна 14 голови на 16 натпревари, но тоа не беше доволно со својата нова екипа да ја освои шампионската титула, завршувајќи на второто место зад новиот саудиски првак Ал Итихад.
„Имаме многу добри екипи, многу добри арапски фудбалери, но кога зборуваме за инфраструктурата – тоа мора уште малку да се подобри. Дури и судиите, ВАР системот, би требало да бидат малку побрзи. Меѓутоа, среќен сум тука, сакам да останам тука и ќе продолжам тука“, рече 38-годишниот Роналдо во интервју за официјалниот сајт на Саудиска Про Лига (СПЛ).