ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Со Мицкоски или без него Македонија ќе продолжи кон ЕУ

Најголеми противници на членството на Македонија во ЕУ во овој момент се Румен Радев или „агентот на Путин“, и Христијан Мицкоски. Двајцата тоа го прават на различни начини, но целта им е иста.

June 4, 2023 14:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Најголеми противници на членството на Македонија во ЕУ во овој момент се Румен Радев или „агентот на Путин“, и Христијан Мицкоски. Двајцата тоа го прават на различни начини, но целта им е иста.

За среќа, на првиот веќе му се „случува народ“ на кого му здодеа „временото“ соло-владеење во услови на политичка криза во Бугарија, во кој период ја русифицираше земјата. Протестите кои деновиве се одржаа во Софија се реакција на оддалечувањето на Бугарија од ЕУ и НАТО и опасноста од про-руските сили во бугарскиот парламент.

Прашање на време е кога и на македонските граѓани ќе им „пукне филмот“ што со месеци им го прожектира раководството на ВМРО-ДПМНЕ против уставните измени, против ЕУ и против САД, а најмногу против Македонија, а кој многу потсетува на сценарио од продукцијата на „Мосфиљм“.

Но, ни Радев ни Мицкоски не сфаќаат дека влезот на Македонија во ЕУ е готова работа. Вратите на Брисел се отворени и се чини за тоа е најсвесен поранешниот бугарски министер за одбрана и почесен лидер на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов. Тој дури сега сфаќа дека македонската дипломатија веќе ја завршила работата без Бугарија да има поим што се случува во дипломатските кругови на Брисел и Вашингтон.

Поголем доказ за успешно завршената мисија на Бујар Османи од неговото признание за тоа, нема:

„Ако продолжиме да дремеме на ист начин, не само што Скопје нема да биде принудено од Брисел да направи какви било промени во односите со Бугарија, туку и Бугарија ќе испадне виновна. Има неколку преседани во изминатите три недели што треба да ги забележиме. Прво, фактот што македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи активно ги посетуваше институциите во Брисел, посетуваше и одржуваше средби со различни групи европратеници на кои искрено, без никакво име ја клеветеше Бугарија“, вели Каракачанов.

„Скопје се обидува да го сврти извештајот во своја полза и за малку ќе ја направи Бугарија виновна. Ова е случај без преседан во практиката на Европскиот парламент и бирократите во Брисел – земја кандидат да си дозволи да прави такви констатации и да води таква реторика против земја членка. Ова досега е недозволено“, вели Каракачанов.

Тој обвинува дека во сето ова има и надворешен притисок од САД бидејќи, вели, тоа што го кажал премиерот во Рејкјавик го повторила и американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер – во поблага форма, но во иста смисла.

Така што само аматери во политиката и дипломатијата не сфаќаат дека зад оваа Влада стојат големи сили кои тераат големи геостратешки проекти, за да може да ги сопнат мали играчи од „белата палата“.

Блинкен, Макрон, Урсула, Шолц, се само имиња зад кои стојат земјите лидери во меѓународната политика, а кои најотворено застанаа зад моментот на уставните измени.

Тоа не значи дека на оваа Влада и е дадена бланко потврда дека ќе „пројде“ без тешки реформи во клучните области кои сега ги нема под контрола. Но, прво мора да се затвори досието на отворени преговори за членство, со помош на ВМРО—ДПМНЕ, а потоа ќе проработи „машината за мелење“ на реформи диктирана од истите кои и го дадоа „пасот“ за членство.

Оттаму се чини дека Македонија ќе го продолжи својот започнат пат кон ЕУ со Мицкоски или без него. На него е да одлучи кој пат ќе го фати, без разлика дали ќе патува со воз или со брод.


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

(ВИДЕО) Вучиќ со речиси идентична изјава како и Милошевиќ пред да биде соборен од власт

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk