ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Њујорк Тајмс: Најголеми улични протести во Србија по соборувањето на Милошевиќ

June 4, 2023 12:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Протестите против насилство во Србија поради минатомесечните масовни престрелки се претворија во најголемите улични демонстрации во Белград вчера откако во 2000 година демонстрантите го соборија Слободан Милошевиќ од функцијата српски претседател, пишува Њујорк Тајмс.

Протестите „Србија против насилство“, што се одржуваат еднаш неделно, добија замав од почетокот на мај, кога 18 лица беа убиени во два масакра – едниот во училиште во Белград, другиот во околните села. Тие убиства предизвикаа бран граѓански бунт што критичарите на лидерот на земјата, Александар Вучиќ, го нарекоа протест против „културата на насилство“ промовирана од владата и лојалните медиуми на неа, пишува весникот.

Саботниот протест, петти и најголем досега, го зголеми притисокот врз Вучиќ да исполни барем дел од барањата на демонстрантите, нагласува Њујорк тајмс.

„Тие барања вклучуваат разрешување на високи функционери и одземање на дозволите за емитување од провладините телевизиски станици кои се на лош глас за емитување насилни реални шоуа и игнорирање на опозициските политичари“, се вели во анализата на весникот.

Протестите прераснаа во поширок, иако досега мирен бунт против се поавторитарното владеење на Вучиќ, кој, како што објаснува Њујорк тајмс, прво беше премиер, а потоа претседател, а на власт е речиси една деценија.

„Вучиќ ја започна својата политичка кариера како радикален националист за време на балканските војни во 90-тите години, но во последниве години се обидува да се претстави како проевропски лидер кој сака Србија да ги оживее своите застојани напори за пристапување во Европската унија. Тој се спротивстави на воведувањето санкции против Русија поради нејзината војна во Украина, но Србија гласаше во Обединетите нации за осуда на Москва“, потсетува весникот.

Вучиќ, кој победи на минатогодишните избори, е решен да остане таму каде што е, отфрлајќи ги протестите како „политички трик“ на неговите противници. Тој во минатото веќе се соочи и преживеа големи улични протести, но тие не беа толку големи како вчерашните, пишува Њујорк Тајмс.

Г. Т.

Tags: Милошевиќнајголемињујорк тајмспротести против насилствоСрбија
Next Post

Пендаровски: Указите што ги потпишав не се однесуваат на договорот меѓу Владата и „Бехтел и Енка“

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Неделен хороскоп со Анаис (30 март – 5 април 2026)

March 29, 2026

(ВИДЕО) Инциденти, тепачки и нерегуларности на локалните избори во Србија

March 29, 2026

Милиони на улиците против Трамп: „No Kings“ протестите меѓу најголемите во историјата на САД

March 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Милиони на улиците против Трамп: „No Kings“ протестите меѓу најголемите во историјата на САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Инциденти, тепачки и нерегуларности на локалните избори во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неделен хороскоп со Анаис (30 март – 5 април 2026)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ алармира за „хаос, деградации и партизација“ во Центарот за култура и Театар Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италија 2026: 5 големи промени за кои никој не зборува, а можат да ви го уништат патувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk