ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи од Будва: Да се отвориме за можностите кои ги нуди помирувањето, дијалогот и решавањето на споровите

June 5, 2023 15:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По министерскиот состанок на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во Будва, во рамките на Тројката претседавачи со иницијативата беше одржана заедничка конференција за медиумите на министерот за надворешни работи Бујар Османи и претседателот на Владата на Црна Гора Дритан Абазовиќ.

При својот настап, Османи елаборираше дека под слоганот на претседавањето на Северна Македонија со ПСЈИЕ “Премостување поделби, градење доверба” стои цврстото убедување на земјата дека најголемата закана за регионот се сè уште отворените билатерални спорови и политички блокади кои го попречуваат напредокот во европската интеграција и во билатералната и регионалната соработка, а кои лесно можат да бидат искористени од надворешни актери.

“Мое цврсто верување е дека треба да ги избегнеме овие обиди со какви било средства и да се отвориме за можностите кои ги нуди помирувањето, дијалогот, надминувањето на наследството од минатото и решавањето на споровите со разбирање, почит и заемно прифатливи решенија. Северна Македонија го следи овој пат и Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателство, Договорот од Преспа и компромисот постигнат минатиот јули за нашиот европски пат се сведоштва за нашата посветеност на оваа вистинска европска кауза” рече Министерот.

“Се надеваме дека наскоро во регионот, следејќи го патот на компромисот, ќе постигнеме одржливи решенија за преостанатите отворени прашања кои ќе нѐ водат кон членство во ЕУ и испреплетениот економски раст. Ова произлегува од нашиот заеднички интерес и треба да го направиме не само без стратешко двоумење, туку со стратешка решителност” додаде Османи.

Покрај овие теми, високо на агендата на претседавањето на Северна Македонија, кое почнува на 1 јули и трае година дена, ќе бидат и зацврстуваето на демократијата, фундаменталните права и вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Фокус ќе биде ставен и на зајакнувањето на енергетската безбедност и забрзување на декарбонизацијата, заедничкото градење трансевропски транспортни коридори, спроведување на целите за одржлив развој и дигиталната трансформација.

Tags: БудваОсмани
Next Post
Getty Images

Романо: Асенсио денес ќе одлета за Париз за да потпише договор со ПСЖ

НАЈНОВО

Буџет 2026: Рекордни долгови и мали инвестиции – дали државата оди кон финансиски ризик?

November 17, 2025
Скриншот

Синер по трофејот во Торино: За мене, нема подобар начин да се заврши сезоната

November 17, 2025
Скриншот

Макрон: Се надевам дека мирот во Украина ќе биде постигнат пред 2027

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk