ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Со примена на добри практики и употреба на сертифициран семенски материјал приносот е многу поголем

June 6, 2023 15:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, во село Новосељане кумановско, се одржа традиционалната манифестација „Ден на полето” во организација на Комбинатот „Клечовце” и земјоделската задруга „Агростарт”.

Во присуство на бројни претствници на институции од земјоделскиот сектор, гости од земјава и од странство и многу земјоделци, кооперанти, членови на задругата „Агростарт”, денеска на полињата со жито во Новосељане се славеше полето како главен извор на храна.

„Убаво е чувството да се гледаат овие житни полиња кои се пример за употреба на најсовремени технологии за производство, со примена на добри практики, модерна механизација и примена на дигитализација во земјоделското производство. Сето ова, со примена на сертифициран семенски материјал и квалитетни средства за прихрана и заштита на производството, е пример како може континуирано да се зголемува производството и да се добива зголемен принос. Тоа е она што континуирано го зборуваме на нашите теренски средби со земјоделците, да користат сертифициран семенски материјал, од квалитетни сорти и на тој начин на иста површина да добијат многу поголем принос по хектар. На пример, во 2017 година, приносот на пченица по хектар, изнесувал 2500 кг, а во 2022 сме оствариле просечен принос од 3400кг по хектар, што значи дека одиме напред” изјави министерот Николовски.

Во своето обраѓање министерот истакна дека не е доволно само да се земе земја под закуп, да се добијат субвенции од државата, туку треба да се применуваат добри агротехнички практитки, да се употребуваат сорти отпорни на климатските промени и отпорни на болести. Комбинатот Клечовце е одличен пример за тоа, а што е уште поважно, тие несебично го споделуваат своето знаење со земјоделците, токму преку ваквата манифестација на која директно од терен на земјоделците им се презентираат сите достигнувања, за самите лично да се уверат дека доколку се постапува правилно, успехот е загарантиран.

Министерот потсети дека минатата година беше кризна година во која се појави недостиг од жито, поради војната во Украина. Ние како министерство, реагиравме многу брзо. Подготвивме Национален план за производство на храна и бевме единствена држава во регонот која донесе Интервентна програма вредна 900 милиони денари, преку која во услови на криза обезбедивме поддршка за секој еден земјоделец.

Токму преку оваа Интервентна програма за производителите на житни култури обезбедивме до 40% поддршка при набавка на вештачко ѓубриво, односно поддршка од 4.000 денари по хектар за производителите на пченица и пченка и 2.500 денари по хектар за производителите на јачмен и сончоглед.

Откупната цена на пченицата од година во година бележи раст, а минатата 2022 имавме досега највисока цена од 17,00 денари по килограм, со ожнеана површина од 74.000 хектари пченица, со остварено производство од 251.600 тони и остварен просечен принос од 3.400 кгр/ха.

Овие бројки говорат дека имавме успешна година и успешна производна сезона, а за 2023 очекуваме уште подобра година и поголемо производство, бидејќи имаме зголемени површини. Во производната 2022/2023 година пченицата е засеана на вкупна површина од 78.300 ха, од што претставува зголемување на површините за околу 4.300 ха во однос на 2022 година и се очекува зголемување на производството на пченица во 2023 година за околу 6%.

Годинава навремено ги исплативме субвенциите за полјоделските култури, исплатени се 422,4 милиони денари за над 24.000 корисници, а со новиот модел на субвенцирање житните култури ги издвоивме како култури со стратешко значење за кои секогаш ќе биде обезбедена финансиска поддршка од државата.

Со мерката за директни плаќања за задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал кај поледелските култури во 2022 година беа опфатени вкупно 13.175 земјоделски стопанства за вкупна површина од 51.450 ха.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го поддржуваше и понатаму ќе продолжи да го поддржува производството на квалитетен сертифициран семенски материјал што претставува основен предуслов за подобрување на квалитетот и квантитетот на поледелските култури, а со тоа директно влијаеме на намалување на зависноста на домашниот пазар од увоз на жита.

Tags: кумановскоНиколовскиНовосељане
Next Post
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Политички дијалог а ла Мицкоски

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk