ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Заедничката цел е регионална стабилност и зачувување на меѓународниот поредок заснован на правила

June 6, 2023 10:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерката за одбрана Славјанка Петровска која престојува во повеќедневна посета на САД, ги посети Државниот Универзитет на Северна Каролина и Институтот за безбедносни студии Triangle, соопшто МО.

Министерката Петровска се сретна со проректорката, проф. д-р Хајди Хобс, директорката за глобални партнерства Сара Олсон, и директорот на мастер програмата за меѓународни студии проф. д-р Марк Нанс. На средбата, Петровска го истакна значењето на академската заедница во борбата против најновите безбедносни закани и порача дека можноста за соработка со овие високо-образовни институции ќе придонесе за зајакнување на едукацијата и подготвеноста на идните офицери и лицата од одбранбениот сектор во справувањето со нив.

По средбата министерката Петровска се обрати пред студентите, професорите, членовите на алумни-асоцијацијата на Универзитетот и експертската јавност при што изрази уверување дека оваа посета го трасира патот за долготрајна плодна соработка.

– Денес сме тука да ги зајакнеме нашите врски и заедно со вас професорите и студентите, да го отвориме патот за градење на идните стратегиски предвидувања на геополитиката во регионот и во светот. Уверени сме дека заедно можеме да ја постигнеме заедничката цел за регионална стабилност и зачувување на меѓународниот поредок заснован на правила, истакна Петровска.

Во однос на идната соработка меѓу образовните институции, Петровска рече дека академската заедница со размената на знаења ќе придонесе во градењето отпорност на нашите општества.

– Во оваа сложена геостратешка средина, единството, солидарноста и кохезијата на Алијансата остануваат клучни. Заедно со нашите сојузници и стратешки партнер, САД, стоиме заедно во нашата цел – зачувување на глобалниот мир и безбедност, рече Петровска.

Tags: МОПетровскаСАД
Next Post

ЦГК: Недостигаат 340 пожарникари, возилата се во просек стари по 27 години, најстарото е ТАМ од 1966 година

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk