Во водата што се излева од браната Каховка пловат мини, предупреди украинската државна служба за вонредни состојби.
Во никој случај не им приоѓајте на експлозивните предмети и не ги допирајте, предупреди службата.
Се очекува нивото на водата да продолжи да се зголемува во следните 24 часа, пишуваат украинските медиуми.
Повеќе од 1.300 луѓе се евакуирани од регионот, соопшти украинската државна служба за вонредни состојби.