Денеска во Брисел продолжуваат скрининг состаноците за Кластерот 3 „Конкуренција и инклузивен раст“ за Поглавје 17 „Економска и монетарна политика“.
Членовите на работната група за Поглавје 19, предводени од заменик главниот преговарач со ЕУ и државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили, ја презентираа актуелната економска состојба во Северна Македонија и актуелните фискални структурни реформи.
Пред претставниците на Европската комисија, заменик главниот преговарач со ЕУ, Абдиу-Халили, рече дека „Северна Македонија континуирано постигнува видливи резултати преку апликациите во претпристапните економски програми, а неодамна и од програмите за економски реформи. “.
На средбата Абдиу-Халили се осврна и на делот од реформите што ги спроведовме, при што истакна дека е одобрен Законот за Буџетот, кој е во согласност со Директивата на Советот на ЕУ и дека Владата ќе остануваат фокусирани на креирање политики од кои, како што вели таа, „ќе ни помогнат да ги преземеме обврските што произлегуваат од членството во економската и монетарната унија“.
– Посветени сме на унапредување на јавните финансии и промоција на ефективни економски политики. Усогласувањето со европската регулатива е во напредна фаза и наш главен приоритет е зајакнување на институционалната и финансиската независност на Народната банка, додаде Дрита Абдиу-Халили.
Надлежни институции за оваа област, чии претставници на денешниот билатерален скрининг ја презентираа монетарната и економската политика на Северна Македонија се: Министерството за финансии, Народната банка, Министерството за економија, Државната агенција за статистика и Државната комисија за Спречување на корупција, како и Секретаријатот за европски прашања.
Утре започнува билатералната скрининг средба за поглавјето 29, „Царински сојуз“, која ќе трае два дена.







