Дел од 3 те предлози на Ковачевски, на лидерската средба со Мицкоски, како што дознаваме, се: Заеднички партиите да застанат зад уставните измени и европската иднина на земјата, да ги изгласаат во Собранието. Вториот предлог е веднаш после усвојувањето на уставните измени да се распишат избори како компромисно решение кое ќе значи продолжување на европскиот пат, обединување околу стратешкиот интерес на земјата.
Со тоа Ковачевски му дава излез на Мицкоски со оглед на тоа што неговото клучно барање се избори.
Во Клубот на пратеници, во тек е лидерската средба помеѓу премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.
Покрај Ковачевски, во Клубот на пратеници присутни се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ. Мицкоски е придружуван од шефот на кабинет Владимир Нелоски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
После средбата се очекуваат изјави на Ковачевски и Мицкоски.
Ј. Ѓ.
Поврзано:
Ковачевски на лидерската средба со Мицкоски доаѓа со план и конкретни 3 предлози