Премиерот на РСМ, Димитар Ковачвски по лидерската средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека станало јасно дека опозициската партија не е против Уставните измени.
-Тоа е заеднички заклучок од средбата, истакна Ковачевски.
Порача дека државата е на вистински пат, а од меѓународните партнери имаме потврда за тоа.
– Се прави јасна дистинкција за тоа дали ќе ја интегрираме државата во ЕУ или ќе ја оставиме изолирана, што сметам дека е добро дијалогот што се води да продолжи и на крајот да изградиме заеднички став дека за државата е најдобро да биде интегрирана во ЕУ. Моја цел и заложба на Владата е овој процес на евроинтеграции да биде успешен, затоа што предвид ги имаме стратешките цели на државата. Ова е веќе стратешка цел и на нашите земји партнери како во ЕУ и НАТО, така и на САД. Сите недвосмислено кажаа дека сега е моментот за проширување на ЕУ и за влез на државите од Западен Балкан, пред се Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, рече Ковачевски.