Професорката Ана Чупеска, во објава на Фејсбук, вели дека сега „имаме основ да веруваме дека национален консензус е можен и реално остварлив“.
Таа истакнува дека не е време за партиско навивање, туку за навивање за европска иднина.
„Ајде, без емоции и без навивачки набој да ги сумираме впечатоците од вчерашната лидерска средба.
Прво и најважно, имаме основ да веруваме дека национален консензус е МОЖЕН и РЕАЛНО ОСТВАРЛИВ! Со тоа што партиите покажуваат спремност да ги жртвуваат своите деневно политчки поентирања имаме и основ да веруваме дека откочувањето на преговорите е МОЖНО и РЕАЛНО ОСТВАРЛИВО. Убедена сум дека не е време за партиско навивање, туку за навивање за европска иднина. Ако тоа го испорачаат, вреди и да се поддржи мултивитаминска влада“, пишува Чупеска.