Земјотрес со јачина од 4,8 степени беше регистриран кусо по 15.30 часот по локално време, во близина на грчкиот град Аталанти на околу 150 километри од Атина, а беше почувствуван и во грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина.
Според Геодинамичкиот Институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил 13 километри југозападно од Аталанти.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.