Започнуваме со рехабилитација на една од најфрекфрентните улици во Прилеп, улицата Леце Котески со инвестициона вредност од преку 47 милиони денари обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски, објави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Се работи за целосна рехабилитација на улицата како и изградба на нова велосипедска и пешачка патека. Ја модернизираме патната мрежа и ја подигнуваме безбедноста во овој дел од градот, истакна Бочварски.
„Денеска со градоначалникот на Прилеп Јовчески го потпишавме договорот за имплежентација и извршивме увид во започнатите работи.
Повикуваме на трпеливост на возачите, а тимовите на изведувачите и надзорниот орган ќе работат со целиот свој капацитет на завршување на овој проект во предвидениот рок“, потенцира Бочварски.