ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Герасимовски: Стартува Проектот Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните”

June 9, 2023 10:42
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Центар го распиша Проектот Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните” со кој 90 пензионирани граѓани од Општина Центар добиваат помош и поддршка при извршувањето на домашните работи, од страна на стручни и обучени лица. Ефектите и придобивките од овој проект, кој Општина Центар го реализира во соработка со невладината организација „Хуманост“, се видливи и тоа најмногу го чувствуваат корисниците на услугите. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски смета дека овој проект е најзначајниот за пензионираните граѓани на Центар.

„Преку овој проект им помагаме на нашите повозрасни сограѓани полесно да се справат со секојдневните домашни обврски. Со помошта на стручните лица физиотерапевти, психолози и негуватели на нашите баби и дедовци им обезбедуваме подобри пензионерски денови и полесна старост “, смета градоначалникот Герасимовски.

Апликациите за проектот заинтересираните граѓани може да ги доставуваат почнувајќи од 12.06.2023 година (понеделник) па се до 20.06.2023 година (вторник). Реализацијата на Проектот ќе трае се до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена во Буџетот на Општината.

Критериумите кои треба да ги исполнуваат граѓаните за да станат корисници на проектот се:

– Да се жители на Општина Центар-Скопје;
– Да се на возраст над 62 години;
– Да се корисници на пензија или на социјална помош;
– Висината на пензијата или социјалната помош не смее да надминува 30.000,00 денари месечно;
– Корисникот на субвенцијата може да биде само еден (1) член од една семејна заедница (исклучок од ова може да биде само доколку се приложи извештај за специјална медицинска состојба за која е потребно вклучување на посебна нега и третман за второто лице).

Општина Центар ги повикува сите граѓани кои ги исполнуваат условите да пополнат Барање во Архивата на Општина Центар-Скопје.

Заедно со Барањето во Архивата треба да се поднесе:

– Фотокопија од лична карта;
– Фотокопија од потврда за примена пензија од претходниот месец или потврда издадена од надлежна институција дека лицето е корисник на социјална помош;
– Фотокопија од медицинска документација за здравствената состојба, не постара од една (1) година.

Општина Центар напоменува дека услугата за старите лица е бесплатна и истата опфаќа домашна посета од два до три пати неделно од страна на стручните лица согласно индивидуалните потреби на корисниците.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГерасимовскиЦентар
Next Post
Фото Википедија

Национална опера и балет на страниците на светското водечко списание Опера

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп упати ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

October 3, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk