ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

(ВИДЕО) Петровска од Вермонт: Пред три децении, нас нè зближија нашата визија за единство и соработка, како и нашите заеднички вредности

June 10, 2023 15:06
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Потпишување на свечениот документ по повод три децении партнерство меѓу нашата армија и Националната гарда на Вермонт, во Вермонт, САД, јуни 2023 (фото извор: МО)

Потпишување на свечениот документ по повод три децении партнерство меѓу нашата армија и Националната гарда на Вермонт, во Вермонт, САД, јуни 2023 (фото извор: МО)

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во Вермонт присуствуваше и се обрати на церемонијата со која беше одбележано 30-годишното партнерство помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, соопшти Министерството за одбрана. Со гувернерот на Вермонт, Фил Скот, беше потпишан и свечениот документ кој го рефлектира ова тридецениско партнерство и посветеноста на Армијата и на Националната гарда на идните заеднички активности.

По церемонијата министерката Петровска во изјава за Телма и ТВ21 порача дека треба да бидеме горди на успесите кои што се постигнати преку ова партнерство, особено во доменот на одбраната.

„Преку градењето на националните капацитети, преку зајакнувањето на македонската Армија меѓутоа и преку градењето на вистински пријателства всушност се одразува она што е суштината на ова партнерство“, рече Петровска. Додаде дека соработката продолжува да се развива и во доменот на кризниот менаџмент, сајбер-одбраната, како и други сектори.

Според Петровска, низ изминатите 30 години постигнати се импресивни резултати –над 350 активности. Врвот на меѓусебната доверба беше и заедничкото учество во мисијата во Авганистан во 2010 година, истакна министерката.

„Пред три децении, нас нè зближија нашата визија за единство и соработка, како и нашите заеднички вредности. Низ изминатите 30 години имавме импресивни резултати – организиравме над 350 активности, а врвот на меѓусебната доверба беше и заедничкото учество во мисијата во Авганистан во 2010 година. Ја видовме и трансформациската сила на соработката – како споделувањето на знаење, експертиза и ресурси доведуваат до иновативни решенија кои имаат долгорочно влијание“, изјави министерката Петровска.

Фокусирајќи се на идните можности, Петровска истакна дека особено денес кога се соочуваме со комплексни предизвици, мораме да останеме агилни, да се адаптираме на промените и да продолжиме заедно и здружени да наоѓаме решенија кои ќе ја зацврстат нашата колективна безбедност.

„Чекорејќи во оваа нова фаза на нашето партнерство, ние мораме да бидеме и храбри и амбициозни во нашите цели. Постигнувањата од изминатите 30 години се пример за нашата отпорност и колективните капацитети. Сега е време да бидеме уште поодлучни и да ги поместиме границите на она што можеме да го достигнеме заедно“, порача Петровска.

Министерката им се заблагодари на генералот Најт и на генералот Ѓурчиновски и нивните претходници за нивната посветеност во развојот на ова партнерство, а признание им оддаде и на сите припадници на Армијата и на Националната гарда за нивната професионалност, преданост и посветеност кои го обликуваа меѓусебното партнерство.

Гувернерот на Вермонт, Скот истакна дека „низ годините, нашите армии соработуваа многу – со вежби во Северна Македонија и САД, со хуманитарна работа и со заедничкото учество во Авганистан во 2010, кога членовите на нашата Национална гарда стоеја рамо до рамо со Северна Македонија“.

„Нивните споделени искуства и посветеноста на лидерите во одбраната беа исклучително важни за успехот на ова партнерство и ни помогнаа да ја изградиме оваа силна врска. Сакам да потенцирам неколку големи успеси во ова време кое го вклучува и членството на Северна Македонија во НАТО како 30. Сојузник. Со тоа вие се приклучивте на најуспешната Алијанса во светот, а ние станавме поблиски“, рече гувернерот Скот.

Во своето обраќање, началникот на Генералштабот, генералот Ѓурчиновски се заблагодари за 30-годишната поддршка од страна на Вермонт и додаде дека Армијата е целосно посветена на уште посилен развој на соработката и заедништвото со Националната гарда.

Во Берлингтон, министерката Петровска и гувернерот Скот имаа и засебна средба на која ја потврдија политичката поддршка за континуиран развој на партнерството помеѓу двете вооружени сили.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk